Летни олимписки игри 2012

(Пренасочено од Лондон 2012)

XXX Летни олимписки игри (формално познати како „Игри на XXX Олимпијада“) — Летни олимписки игри одржани од 27 јули до 12 август 2012 година во Лондон, Велика Британија[1]. Градот Лондон станал првиот град кој по третпат бил домаќин на Летните олимписки игри[2] Претходно, градот бил домаќин во 1908 и 1948 година.[3][4]

Игри на XXX Олимпијада
Град-домаќин Лондон, Велика Британија
Гесло „Инспирирај ја генерацијата“
Земји-учеснички 204
Натпреварувачи 10.820
Свечено отворање 27 јули
Свечено затворање 12 август
Отворена од кралицата Елизабета II
Стадион Олимписки стадион

Лондон за домаќин на Летните олимписки игри во 2012 година бил избран на 6 јули 2005 година, на 117 седница на МОК која се одржала во Сингапур, победувајќи ги Москва, Њујорк, Мадрид и Париз, по четири круга на гласање.[5] Оваа вест била објавена од страна на поранешниот олимписки шампион Себастијан Коу.

Олимпијадата се одржа во Олимпискиот парк во реонот Стратфорд и на разни места во поширокото подрачје на градот.

Избор на град-домаќин

уреди
 
Постер во Лондон за ЛОИ 2012

Девет градови поднеле кандидатура за организација на игрите заклучно со 15 јули 2003, кој бил краен рок за доставување на кандидатурите. Градови кои поднеле кандидатура биле: Хавана, Истанбул, Лајпциг, Лондон, Мадрид, Москва, Њујорк, Париз и Рио де Жанеиро.[6]

Градоначалникот на Лондон, Кен Ливингстон, изјавил дека главниот мотив за иницирање и лобирање за кандидатурата на градот е да се развие источниот дел на Лондон, кој бил заборавен во последните 30 години. На 18 јуни 2004 Меѓународниот олимписки комитет (МОК) на седница го скратил списокот на потенцијални домаќини на пет града: Лондон, Мадрид, Москва, Њујорк и Париз.

До 19 ноември 2004 година, сите градови биле должни да ги дополнат своите кандидатури. Инспекцијата на МОК во периодот од февруари до март 2005 ги посетил сите градови кандидати. При инспекцијата во Париз, градот бил зафатен со голем број на демонстрации и обвиненија за корупција на еден од клучните членови на париската кандидатура, а воедно и член на МОК и се чинело дека тоа ќе биде голем минус за канидатурата на Париз. Меѓутоа во првиот извештај на МОК кој не содржел никакви рангирања објавен на 6 јуни 2005, Париз добил убедливо најдобри оценки, пред Лондон. Њујорк и Мадрид исто така добиле позитивни оценки.

Во текот на процесот, Париз се сметал за еден од главните фаворити за добивање на организација, особено поради тоа што ова било третпат градот да биде кандидат во поновата историја. Првично Лондон заостанувал зад Париз, но работите почнале да се подобруваат со именувањето на Себастијан Коу за нов шеф и прв човек на лондонскиот тим на 19 мај 2004.[7] Кон крајот на август 2004, извештаите предвидувале тесна борба помеѓу Париз и Лондон.[8]

 
Себастијан Коу, првиот човек на Лондонскиот тим

Одлуката за град домаќин била донесена на 6 јули 2005 година, на 117-та седница на МОК. Поддршка за кандидатурата на Лондон на лице место дал и тогашниот премиер на Обединетото Кралство - Тони Блер. Во првиот круг на гласање била елиминирана Москва, а потоа и Њујорк и Мадрид. Во финалното гласање, како што и се очекувало останале Париз и Лондон. На крајот на четвртата рунда на гласање, Лондон ја однел победата со само 4 бода повеќе од Париз.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на ЛОИ 2012
Град НОК 1 Рунда 2 Рунда 3 рунда 4 Рунда
Лондон   Обединето Кралство 22 27 39 54
Париз   Франција 21 25 33 50
Мадрид   Шпанија 20 32 31
Њујорк   САД 19 16
Москва   Русија 15

Подготовки

уреди

Спортски собиралишта

уреди
 
Стадионот Вембли

За Олимписките и Параолимписките Игри 2012 се користат мешавина од нови, постоечки и историски објекти, како и привремени објекти. Поголемиот дел од објектите се поделени во три зони во рамките на општината Голем Лондон, и тоа олимписка зона, речна зона и централна зона. Покрај овие, се користат и други места кои поради неопходноста се наоѓаат надвор од границите на општината. Такви се националниот едриличарски центар Вејмут и Портланд на островот Портланд, како и стадионите кои се користени за фудбалскиот турнир кои се наоѓаат низ целото Обединето Кралство.

Олимписка зона

уреди
 
Олимписки Стадион
 
Кошаркарска олимписка арена
 
Лондонски велопарк
 
Вимблдон - Тенис

Речна зона

уреди
  • Ексел Центар – бокс, мечување, џудо, пинг понг, теквондо, кревање тегови, борење
  • Гринички парк – коњички спортови, современ петобој (трчање, пукање)
  • O2 арена – кошарка (финале), гимнастика
  • Кралска артилериска касарна – стрелаштво

Централна зона

уреди
  • Сеанглиски клуб за тенис на треба и крикет - тенис
  • Ерл Корт Центар - одбојка
  • Плоштад на коњичката гарда - одбојка на плажа
  • Хајд Парк - пливање (маратон), триатлон
  • Лордов терен за крикет - стреличарство
  • Маратонска патека - атлетика (маратон)
  • Реџентс Парк - велосипедизам (пат)
  • Вембли арена - бадминтон, ритмичка гимнастика
  • Стадион Вембли - фудбал (финале)

Надвор од Лондон

уреди
  • Езеро Дорни - кану (спринт), кајак, веслање
  • Хадли Фарм - планински велосипедизам
  • Воден Центар "Ли Вели" - кану (слалом)
  • Национален едриличарски центр Вејмут и Портланд - едрење

Фудбалски стадиони

уреди

Турнирот во фудбал се одржа на следниве стадиони:

Панорама на Олимпискиот парк во април 2012

Краток преглед

уреди
  • Во првиот круг од женскиот турнир во фудбал, организаторите направиле превид кога за време на натпреварот меѓу Колумбија и Северна Кореја на семафорот било погрешно истакнато знамето на Јужна Кореја наместо она на Северна Кореја. Фудбалерките на Северна Кореја во знак на протест го напуштиле игралиштето, а натпреварот започнал со доцнење од повеќе од еден час откако грешката била исправена.[9] По завршувањето на натпреварот, членовите на организацискиот комитет на игрите испратиле официјално извинување до Олимпискиот комитет на Северна Кореја.
  • Игрите биле свечено отворени од страна на кралицата Елизабета II која станала првата личност којашто прогласила за отворени Олимписки игри во две различни држави.
  • Најуспешен натпреварувач на игрите бил американскиот пливач Мајкл Фелпс, кој освоил 4 златни и 2 сребрени медали, и со вкупно 22 освоени медали на Олимписките игри станал најуспешниот олимпиец по бројот на освоени медали, соборувајќи го дотогашниот рекорд на советската гимнастичарка Лариса Латинина со 18 освоени медали. Со неговата победа во трката на 200 м мешано, тој станал првиот пливач кој успеал да освои златен медал во една иста дисциплина на три Олимписки игри.
  • Американката Миси Френклин победила во пливачките трки на 100 и 200 м грбно, а освоила уште два златни и еден бронзен медал во штафетните трки, со што била најуспешна натпреварувачка на игрите.
  • Кинеската пливачка Је Шевен освоила две златни медали во трките на 200 и 400 м мешано со само 16 години, поставувајќи нов светски рекорд во подолгата трка.
  • По одигрувањето на два натпревара на турнирот во бадминтон во женска конкуренција бил извршен нивен детален преглед, откако се појавиле гласини дека и обете двојки, кои веќе имале обезбедено учество во понатамошните натпревари, се обиделе „намерно“ да ги загубат своите последни натпревари во групната фаза, со цел да бидат вкрстени со „полесни“ противници. Грешките од страна на овие двојки биле забележливи и преку негативните реакции од страна на присутните.
  • Во стрелаштво, Кимберли Роуд од САД победила во дисциплината стрелање глинени гулаби и го освоила својот трет златен и вкупно петти медал на Олимписките игри. Со тоа, таа станала првата жена која освоила три златни медали во стрелаштво и трет натпреварувач воопшто, по Ралф Шуман од Германија и Џин Џонг-ох од Јужна Кореја.
  • Тениските натпревари на терените на Вимблдон ги одбележала Американката Серена Влијамс, која освоила два златни медали, поединечно и во двојки. На тој начин, таа станала првата тенисерка по Штефи Граф, којашто успеала да освои „Златен Гренд Слем“, т.е. победи на сите Гренд Слем турнири и златен медал на Олимписките игри. Машкиот дел од турнирот бил одбележан со најдолгите два натпревара во Олимписката историја; златниот медал го освоил Енди Мареј со победата против Роџер Федерер во финалето.
  • Љубителите на атлетиката биле сведоци на четири нови светски рекорди, меѓу кои и рекордот во женската штафетна трка на 4 х 100 м. Имено, штафетата на САД ја завршила трката во време од 40,82 s, што било за 55 стотинки подобро остварување од дотогашниот рекорд на штафетата на Источна Германија, стар 27 години.
  • Јусејн Болт победил во трките на 100 и 200 м, како и во штафетната трка на 4 х 100 м, со што станал првиот атлетичар којшто успеал да ги одбрани титулите во овие трки освоени на претходните Олимписки игри.
  • Во атлеткската трка на 400 м, златниот медал го освоил 19-годишниот Кирани Џејмс од Гренада, кој на својата земја ѝ го донел првиот медал од Олимписките игри.
  • За време на една од квалификациските трки на 800 m, алжирскиот атлетичар Тауфик Махлуфи престанал да трча и го напуштил тартанот само по претрчани 200 m. Според пројавените гласини, Махлуфи „намерно“ ја напуштил трката, со цел да може подобро да се подготви за трката на 1500 м. Веднаш потоа, тој бил отстранет од игрите од страна на Меѓународната атлетска федерација, која го обвинила за недавање на искрен напор, нарушувајќи го олимпискиот идеал. Сепак, по поднесената жалба од страна на алжирските службени лица дека всушност станувало збор за мала повреда на коленото, му било дозволено учество во трката на 1500 м, во којашто Махлуфи го освоил златниот медал.
  • Во натпреварите во фудбал, репрезентативките на САД го освоиле третиот златен медал на Олимписките игри едноподруго. Машкиот турнри завршил со победа на репрезентативците на Мексико, коишто го освоиле првото олимписко злато во фудбал за својата земја, откако во финалето ја победиле фаворизираната репрезентација на Бразил со 2-1.
  • На одбојкарскиот турнир, репрезентацијата на Русија го освоила златниот медал со победата од 3-2 над Бразил во финалето откако бразилските одбојкари не успеале да искористат две меч-топки при водство од 2-0 во третиот сет. Сепак, женската репрезентација на Бразил го одбранила златниот медал од игрите во Пекинг, совладувајќи ја репрезентацијата на САД со 3-1 во финалниот натпревар.

Спортови

уреди

Во програмата на Летните олимписки игри 2012 се вклучени вкупно 26 спортови и 38 дисциплини. На почетокот биле планирани 28 спортови, како и на претходните игри, но неподредно по изборот на Лондон за домаќин на игрите, безболот и софтболот биле отстранети од програмата на олимписките игри. Како потенцијални замени фигурирале каратето и сквошот, но ниеден од двата спорта не добил доволен број на гласови на гласањето на ченовите на МОК (било потребно двотретинско мнозинство).[10] На седница на МОК на 13 август 2009 година, било одлучено на програмата на игрите да се вклучи бокс во женска конкуренција.[11]

Распоред на натпреварувања

уреди

Ова е распоредот на настаните на Летните олимписки игри 2012 од 15 октомври 2010 г.[12] Официјалниот финален распоред на настаните беше соопштен на 15 февруари 2011 година.[13]

ЦО Церемонија на отворање Натпревари 1 Финални натпревари ЦЗ Церемонија на затворање
јули / август 25
сре
26
чет
27
пет
28
саб
29
нед
30
пон
31
вто
1
сре
2
чет
3
пет
4
саб
5
нед
6
пон
7
вто
8
сре
9
чет
10
пет
11
саб
12
нед
Настани
  Церемонии ЦО ЦЗ
  Стреличарство 1 1 1 1 4
  Атлетика 2 6 6 5 4 4 5 6 8 1 47
  Бадминтон 1 2 2 5
  Кошарка 1 1 2
  Бокс 3 5 5 13
  Кајак и кану 1 1 2 4 4 4 16
  Велосипедизам 1 1 2 2 2 1 1 1 3 2 1 1 18
  Скокови во вода 1 1 1 1 1 1 1 1 8
  Коњички спорт 2 1 1 2 6
  Мечување 1 1 1 1 2 1 1 1 1 10
  Хокеј на трева 1 1 2
  Фудбал 1 1 2
  Гимнастика 1 1 1 1 1 1 3 3 4 1 1 18
  Ракомет 1 1 2
  Џудо 2 2 2 2 2 2 2 14
  Современ петобој 1 1 2
  Веслање 3 3 4 4 14
  Едрење 2 2 2 1 1 1 1 10
  Стрелаштво 2 2 1 1 1 1 2 2 1 2 15
  Пливање 4 4 4 4 4 4 4 4 1 1 34
  Синхронизирано пливање 1 1 2
  Пинг-понг 1 1 1 1 4
  Теквондо 2 2 2 2 8
  Тенис 2 3 5
  Триатлон 1 1 2
  Одбојка 1 1 1 1 4
  Ватерполо 1 1 2
  Кревање тегови 1 2 2 2 2 2 1 1 1 1 15
  Борење 2 3 2 2 2 2 3 2 18
Вкупно настани 12 14 12 15 20 18 22 25 23 18 21 17 22 16 32 15 302
Збирно 12 26 38 53 73 91 113 138 161 179 200 217 239 255 287 302
јули / август 25
сре
26
чет
27
пет
28
саб
29
нед
30
пон
31
вто
1
сре
2
чет
3
пет
4
саб
5
нед
6
пон
7
вто
8
сре
9
чет
10
пет
11
саб
12
нед
Настани

Земји-учеснички

уреди
 
Број на учесници по држава

На игрите учествуваат околу 10.500 спортисти од 204 национални комитети, што ги прави овие игри најголем спортски настан некогаш одржан во Обединетото Кралство.

На националниот олимписки комитет на Холандските Антили му било одбиено барањето самостојно да учествува на игрите по распадот на Холандските Антили, од страна на извршниот одбор на МОК во јуни 2011 година. Сепак спортистите од Холандските Антили на игрите учествуваа самостојно под олимпиското знаме.[14]

Иако имало почетна загриженост, за неиспраќањето на женски спортистки од страна на Саудиска Арабија, Брунеј и Катар, сепак на крајот Саудскискиот тим решил да испрати две спортистки.[15][16]

Освојувачи на медали

уреди
Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   САД (USA) 46 29 29 104
2   Кина (CHN) 38 27 23 88
3   Велика Британија (GBR) 29 17 19 65
4   Русија (RUS) 24 26 32 82
5   Јужна Кореја (KOR) 13 8 7 28
6   Германија (GER) 11 19 14 44
7   Франција (FRA) 11 11 12 34
8   Италија (ITA) 8 9 11 28
9   Унгарија (HUN) 8 4 6 18
10   Австралија (AUS) 7 16 12 35

Наводи

уреди
  1. „Меѓународен олимписки комитет - Лондон 2012“. МОК. Посетено на 3 август 2008.
  2. „Coe promises Olympics to remember“. BBC Sport. 2005-07-06. Посетено на 3 август 2008.
  3. „London's first Olympics“. BBC Sport. 2008-04-26. Посетено на 2008-08-03.
  4. „The 1948 London Olympics Gallery“. BBC History. Посетено на 2008-08-03.
  5. „London 2012: Election“. International Olympic Committee. Посетено на 2009-10-02.
  6. „Olympic bids: The rivals“. ББС Спорт. 15 јули 2003. Посетено на 3 август 2008.
  7. Payne, Michael. „How London really won the games“. London Business School. Архивирано од изворникот на 2012-06-14. Посетено на 24 June 2012.
  8. „London And Paris Tie In 2012 Bid“. GamesBids. Посетено на 31 August 2004.
  9. Stuart, Gavin (25 јули 2012). „Hampden Olympic blunder sees North Korea delay game after wrong flag raised“. stv.tv. Архивирано од изворникот на 2012-07-27. Посетено на 2012-07-26.
  10. Безболот и софтболот отстранети од ЛОИ. USA Today.
  11. Женскиот бокс вклучен во програмата на ЛОИ 2012. Associated Press. CTV Olympics.
  12. „Olympic sport competition schedule“. London 2012 website. Архивирано од изворникот на 2011-07-04. Посетено на 25 May 2011.
  13. „London 2012 Olympic Games schedule released“. BBC News. 15 February 2011. Посетено на 25 May 2011.
  14. „Curtain comes down on 123rd IOC Session“. IOC. Посетено на 11 July 2011.
  15. Saudi women push for the right to play sports Архивирано на 24 септември 2015 г. retrieved 19 July 2012
  16. Only Two Saudi Female Olympians but Another Victory Over Hardline Clerics retrieved 19 July 2012
  17. Afghanistan - 2012 Olympic Athletes
  18. Albania - 2012 Olympic Athletes
  19. Algeria - 2012 Olympic Athletes
  20. American Samoa - 2012 Olympic Athletes
  21. Andorra - 2012 Olympic Athletes
  22. Angola - 2012 Olympic Athletes
  23. Antigua and Barbuda - 2012 Olympic Athletes
  24. Argentina - 2012 Olympic Athletes
  25. Armenia - 2012 Olympic Athletes
  26. Aruba - 2012 Olympic Athletes
  27. Australia - 2012 Olympic Athletes
  28. Austria - 2012 Olympic Athletes
  29. Azerbaijan - 2012 Olympic Athletes
  30. Bahamas - 2012 Olympic Athletes
  31. Bahrain - 2012 Olympic Athletes
  32. Bangladesh - 2012 Olympic Athletes
  33. Barbados - 2012 Olympic Athletes
  34. Belarus - 2012 Olympic Athletes
  35. Belgium - 2012 Olympic Athletes
  36. Belize - 2012 Olympic Athletes
  37. Benin - 2012 Olympic Athletes
  38. Bermuda - 2012 Olympic Athletes
  39. Bhutan - 2012 Olympic Athletes
  40. Bolivia - 2012 Olympic Athletes
  41. Bosnia and Herzegovina - 2012 Olympic Athletes
  42. Botswana - 2012 Olympic Athletes
  43. Brazil - 2012 Olympic Athletes
  44. Virgin Islands, British - 2012 Olympic Athletes
  45. Brunei Darussalam - 2012 Olympic Athletes
  46. Bulgaria - 2012 Olympic Athletes
  47. Burkina Faso - 2012 Olympic Athletes
  48. Burundi - 2012 Olympic Athletes
  49. Cambodia - 2012 Olympic Athletes
  50. Cameroon - 2012 Olympic Athletes
  51. Canada - 2012 Olympic Athletes
  52. Cape Verde - 2012 Olympic Athletes
  53. Cayman Islands - 2012 Olympic Athletes
  54. Central African Republic - 2012 Olympic Athletes
  55. Chad - 2012 Olympic Athletes
  56. Chile - 2012 Olympic Athletes
  57. People's Republic of China - 2012 Olympic Athletes
  58. Colombia - 2012 Olympic Athletes
  59. Comoros - 2012 Olympic Athletes
  60. Congo - 2012 Olympic Athletes
  61. Democratic Republic of the Congo - 2012 Olympic Athletes
  62. Cook Islands - 2012 Olympic Athletes
  63. Costa Rica - 2012 Olympic Athletes
  64. Ivory Coast - 2012 Olympic Athletes
  65. Croatia - 2012 Olympic Athletes
  66. Cuba - 2012 Olympic Athletes
  67. Cyprus - 2012 Olympic Athletes
  68. Czech Republic - 2012 Olympic Athletes
  69. Denmark - 2012 Olympic Athletes
  70. Djibouti - 2012 Olympic Athletes
  71. Dominica - 2012 Olympic Athletes
  72. Dominican Republic - 2012 Olympic Athletes
  73. Ecuador - 2012 Olympic Athletes
  74. Egypt - 2012 Olympic Athletes
  75. El Salvador - 2012 Olympic Athletes
  76. Equatorial Guinea - 2012 London Olympics
  77. Eritrea - 2012 London Olympics
  78. Estonia - 2012 London Olympics
  79. Ethiopia - 2012 London Olympics
  80. Fiji - 2012 London Olympics
  81. Finland - 2012 London Olympics
  82. France - 2012 London Olympics
  83. Gabon - 2012 London Olympics
  84. Gambia - 2012 London Olympics
  85. Georgia - 2012 London Olympics
  86. Germany - 2012 London Olympics
  87. Ghana - 2012 London Olympics
  88. Great Britain - 2012 London Olympics
  89. Greece - 2012 London Olympics
  90. Grenada - 2012 London Olympics
  91. Guam - 2012 London Olympics
  92. Guatemala - 2012 London Olympics
  93. Guinea - 2012 London Olympics
  94. Guinea-Bissau - 2012 London Olympics
  95. Guyana - 2012 London Olympics
  96. Haiti - 2012 London Olympics
  97. Honduras - 2012 London Olympics
  98. Hong Kong, China - 2012 London Olympics
  99. Hungary - 2012 London Olympics
  100. Iceland - 2012 London Olympics
  101. 101,0 101,1 Independent Olympic Athletes - 2012 London Olympics
  102. India - 2012 London Olympics
  103. Indonesia - 2012 London Olympics
  104. Islamic Republic of Iran - 2012 London Olympics
  105. Iraq - 2012 London Olympics
  106. Ireland - 2012 London Olympics
  107. Israel - 2012 London Olympics
  108. Italy - 2012 London Olympics
  109. Jamaica - 2012 London Olympics
  110. Japan - 2012 London Olympics
  111. Jordan - 2012 London Olympics
  112. Kazakhstan - 2012 London Olympics
  113. Kenya - 2012 London Olympics
  114. Kiribati - 2012 London Olympics
  115. Democratic People's Republic of Korea - 2012 Olympic Athletes
  116. Republic of Korea - 2012 Olympic Athletes
  117. Kyrgyzstan - 2012 London Olympics
  118. Lao People's Democratic Republic - 2012 London Olympics
  119. Latvia - 2012 London Olympics
  120. Lebanon - 2012 London Olympics
  121. Lesotho - 2012 London Olympics
  122. Liberia - 2012 London Olympics
  123. Libya - 2012 London Olympics
  124. Liechtenstein - 2012 London Olympics
  125. Lithuania - 2012 London Olympics
  126. Luxembourg - 2012 London Olympics
  127. Former Rep. of Macedonia - 2012 London Olympics
  128. Madagascar - 2012 London Olympics
  129. „Malawi - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-07-20.
  130. „Malaysia - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 2012-07-20.
  131. „Maldives - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-07-20.
  132. „Mali - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 2012-07-20.
  133. „Malta - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 2012-07-20.
  134. „Marshall Islands - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  135. „Mauritania - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-07-20.
  136. „Mauritius - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  137. „Mexico - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  138. „Federated States of Micronesia - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  139. „Republic of Moldova - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  140. „Monaco - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  141. „Mongolia - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  142. „Montenegro - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  143. „Morocco - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  144. „Mozambique - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  145. „Myanmar - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  146. „Namibia - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-07-20.
  147. „Nauru - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  148. „Nepal - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  149. „Netherlands - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 2012-07-20.
  150. „New Zealand - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  151. „Nicaragua - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  152. „Niger - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  153. „Nigeria - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  154. „Norway - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  155. „Oman - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  156. „Pakistan - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  157. „Palau - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  158. „Palestine - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  159. „Panama - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  160. „Papua New Guinea - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  161. „Paraguay - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  162. „Peru - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-07-20.
  163. „Philippines - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  164. „Poland - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  165. „Portugal - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  166. „Puerto Rico - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  167. „Qatar - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-07-20.
  168. „Romania - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  169. „Russian Federation - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  170. „Rwanda - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  171. „Saint Kitts and Nevis - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  172. „Saint Lucia - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  173. „Saint Vincent and the Grenadines - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  174. „Samoa - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  175. „San Marino - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  176. „Sao Tome and Principe - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-07-20.
  177. „Saudi Arabia - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  178. „Senegal - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  179. „Serbia - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  180. „Seychelles - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  181. „Sierra Leone - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  182. „Singapore - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  183. „Slovakia - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  184. „Slovenia - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  185. „Solomon Islands - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  186. „Somalia - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  187. „South Africa - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-07-20.
  188. „Spain - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 2012-07-20.
  189. „Sri Lanka - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  190. „Sudan - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  191. „Suriname - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  192. „Swaziland - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  193. „Sweden - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  194. „Switzerland - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  195. „Syrian Arab Republic - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  196. „Chinese Taipei - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 2012-07-20.
  197. „Tajikistan - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  198. „United Republic of Tanzania - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  199. „Thailand - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  200. „Democratic Republic of Timor Leste - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 2012-07-20.
  201. „Togo - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  202. „Tonga - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  203. „Trinidad and Tobago - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  204. „Tunisia - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  205. „Turkey - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  206. „Turkmenistan - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 2012-07-20.
  207. „Tuvalu - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-07-20.
  208. „Uganda - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  209. „Ukraine - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  210. „United Arab Emirates - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  211. „United States of America - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  212. „Uruguay - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  213. „Uzbekistan - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2012-07-20.
  214. „Vanuatu - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 2012-07-20.
  215. „Venezuela - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-07-20.
  216. „Vietnam - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-07-20.
  217. „Virgin Islands, US - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-07-20.
  218. „Yemen - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-07-20.
  219. „Zambia - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-07-20.
  220. „Zimbabwe - 2012 London Olympics“. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 2012-07-20.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Пекинг 2008
Летни олимписки игри
Лондон

Игри на XXX Олимпијада (2012)
Наследник
Рио де Жанеиро