Кирани Џејмс
Кирани Џејмс (1 септември 1992, Гујаве) е гренадски атлетичар, кој настапува во трките на 200 и 400 m. Тој е светски и олимписки првак во трката на 400 m од Светското првенство 2011 во Тегу и Летнтие олимписки игри 2012 во Лондон.
Медали | ||
---|---|---|
Кирани Џејмс | ||
Натпреварувач за Гренада | ||
Машка атлетика | ||
Олимписки игри | ||
2012 Лондон | 400 m | |
Светски првенства | ||
2011 Тегу | 400 m |
Животопис
уредиКирани е роден во малото рибарско место Гујаве, а подоцна заминал на студии на универзитетот Алабама во САД. Таму започнал да тренира под раководство на поранешниот олимпиец Харви Гленс и двапати по ред победил на студентските натпреварувања.[1]
Во сезоната 2011, тој оствари доста успешни резултати на атлетските митинзи, а својата добра форма ја потврди и на светското првенство во Тегу, на кое го освои златниот медаљ, остварувајќи нов личен рекорд со време од 44,60 s, што беше за три стотинки подобро од времето на тогашнниот олимписки и светски првак, Лешон Мерит. Со овој успех, Џејмс стана првиот атлетичар од својата земја кој има освоен медаљ на светските првенства на отворено.[1]
На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Џејмс го освои златниот медал, победвајќи во финалната трка на 400 m со резултат од 43,94 s. Со овој успех, тој на својата земја и го донел не само првиот златен медал од Олимписките игри, туку и првиот медал воопшто.
Лични рекорди
уредиДисциплина | Време | Место | Датум |
---|---|---|---|
200 m (на отворено) | 20,41 | Ел Пасо, САД | 16 април 2011 |
200 m (во сала) | 20,58 | Албукерке, САД | 21 јануари 2011 |
400 m (на отворено) | 43,94 | Лондон, Велика Британија | 6 август 2012 |
400 m (во сала) | 44,80 | Фејетвил, САД | 27 февруари 2011 |