Отвори го главното мени
Остатоци на замокот Хадли, со поглед на Хадли Фарм

Хадли Фарм е место наменето за натпреварите во планински велосипедизам на Летните олимписки игри, како и на Параолимписките игри 2012 и се наоѓа во Хадли, во Есекс.

МестоУреди

Хадли Фарм е поседувана од христијанската организација „Армија на спасувањето“ и работи како образовно-работна фарма. Вклучува центар за ретки раси и соба за час за посетителите. Фармата од 2,8 км² била купена во 1891 од Вилијам Бут, како дел од планот за спасување на сиромашните од нечистотијата на Лондон.

Хадли Фарм гледа кон делтата на реката Темза на југ и го опкружува замокот Хадли, изграден во 1230-тите, во текот на владеењето на кралот Хенри Трети и бил еден од најважните средновековни замоци во Есекс, сега заштитен како англиско богатство од прв степен. Дел од патеката за планинскиот велосипедизам поминува ни блискиот државен парк Хадли, во сопственост и управуван од окружниот совет на Есекс и место од специјален научен интерес со посебно внимание кон без’рбетниците.[1]

Олимпијарда 2012Уреди

Хадли Фарм било потврдено како место за натпреварувањата во планински велосипедизам во 2008 на Летните олимписки игри 2012.[2][3] Првичното предложено место во државниот парк Вилд било одбиено поради недоволни предизвици од меѓународниот велосипедистички сојуз, додека со Хадли се израдува.[4]

Во текот на Олимписките игри ќе бидат подигнати трибини за 3.000 лица.[5]

СообраќајУреди

Плановите за подобрување на пристапот до местото за Олимпијадата вклучувале проширување на патиштата во Хадли.[6] Местото е околу пет километри оддалечено од аеродромот Лондон Саутленд.

Олимписко наследствоУреди

Сè уште не е познато какво наследство ќе остане за планинскиот велосипедизам по настанот.[7] Хадли Фарм е вклучено во плановите за обнова на Есекс.[8]

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди