Лондонски велопарк
Лондонскиот велопарк — велосипедистички центар во Лејтон, во источен Лондон. Тој претставува едно од постојаните зданија за олимписките и параолимписките игри 2012. Велопаркот е на северниот крај на Олимпискиот парк. Се состои од велодром и патеката за BMX, која ќе биде користина за Игрите, како и друмска патека од една милја (1,6 километри) и патека за планински велосипедизам.[2] Паркот го заменил Eastway Cycle Circuit, кој бил срушен за да се ослободи место за објектот. Објектите изградени за Олимпијадата биле градени помеѓу 2009 и 2011. Првиот настан на Велопаркот било лондонското коло во Светскиот куп во BMX велосипедизам.
Лондонски велопарк | |
---|---|
Целосно име | Ли Вали Велопарк |
Место | Олимписки парк, Стратфорд, Лондон, Англија |
Координати | 51°33′01″N 0°00′55″W / 51.5504° СГШ; 0.0153° ЗГД |
Започнат | 2009 |
Изграден | 2009-2011 |
Отворен | 22 февруари 2011 |
Сопственик | |
Оператор | Lee Valley Regional Park Authority[1] |
Подлога | сибирски бор |
Цена на изградбата | 105 мил. фунти (само велодромот) |
Архитект | Hopkins Architects |
Конструктор | Expedition Engineering |
Инженер на службите | BDSP |
Главни изведувачи | ISG |
Игра | Летни олимписки игри 2012 |
Гледачи | 6.000 (велодром); 6.000 (патека за BMX) |
Планирање
уредиВо февруари 2005 биле објавени плановите за Велопарк во вредност од 22 милиони фунти. Sport England ќе инвестирал 10,5 милиони фунти, Lee Valley Regional Park Authority 6 милиони фунти, додека градската власт и сообраќај за Лондон ќе инвестирале по 3 милиони фунти и 2,5 милиони фунти соодветно. Местото требало да се протега на 34 хектари на северниот крај на предложениот Олимписки парк, веднаш до автопатот А12. Паркот ќе вклучувал велодром со сместивост од 1.500 седишта, кои би можеле да се зголемат на 6.000, доколку лондонската кандидатура за Летните олимписки и параолимписки игри 2012 биде успешна. Местото требало да има и патека за маѓународно натпреварување за BMX, парк за BMX во слободен стил, патека за велокрос/крос-кантри, патека за планински велосипедизам и надворешна велодромска патека. Објектите требало да бидат користени од професионалците, како и оние кои учат и сакаат да возач. Се проценувало дека паркот би привлекувал по 88.000 корисници секоја година, заменувајќи ја Eastway Cycle Circuit.[3][4][5] Eastway Cycle Circuit бил отворен во 1975 и било првото спортско здание за друмски велосипедизам изградено во Британија.[6] Објектот бил затворен во септември 2006 со цел да се ослободи простор за новиот Лондонски велопарк.[7] Велодромот ќе биде третата 250-метарска покриена писта во Велика Британија.[8] Во септември 2008 биле објавени плановите за Велопарк,[9] кои биле одбрани со помош на Крис Хој.[10] Меѓутоа во март 2007 било објавено дека Велопарк ќе се протега само на третина од првичната големина, намалена од 34 на 10 хектари.[11] Намалувањето на големината на местото довело до протест на корисниците на поранешниот објект.[12]
Градители
уредиНа 12 јули 2007, олимпискиот организациски комитет ја избрал победничката екипа во состав: Hopkins Architects, Expedition Engineering, BDSP и Grant Associates, кои биле одбрани на посебен конкурс за архитектонско решение.[13] Велопаркот се очекувало да биде завршен од градежната компанија, ISG,[14] во 2011. Во 2004, во текот на кандидатурата на Лондон за Олимпијадата во 2012, очекуваната сума бил 37 милиони фунти, вклучувајќи ги и 20 милиони фунти за велодромот.
Велодром
уредиВо 2009 започнале активностите за изградба на велодромот, а проценетата сума за самиот објект била 105 милиони фунти.[15] Работите на велодромот биле завршени во февруари 2011,[16] и бил првото спортско здание во Олимпискиот парк, кое било завршено. Покривот бил направен да ја следи геометријата на велосипедизмот, воедно направен лесен и ефикасен како велосипедот.[17] Исто така постојат и прозорци со превртени плочи, кои им дозволуваат на луѓето поглед на Олимпискиот парк. Велодромот е енергетско ефикасен објект, светлината од покривот ја намалува потребата за вештачко осветлување, додека природната вентилација овозможува намалена употреба на клими. Дождовницата исто така се собира, што ја намалување количината на вода потребна за објектот. Проектантот Рон Веб, кој ги проектирал патеките на олимписките игри во Сиднеј и Атина бил задолжен за проектот и поставувањето на патеката. 250-метарската патека била направена од 56 километри сибирски бор и 350.000 шајки.[18]
Велодромот официјално бил отворен од многу успешни британски спортисти, вклучувајќи ги Крис Хој и Викторија Пендлтон.[19] Бил вклучен во потесниот круг за доделување на Стерлинговата награда 2011.[20] и ја освоил Structural Award во 2011. Зданието било првпат користено за натпреварување во текот на велодромскиот куп UCI во февруари 2012. Велодромот исто така ќе биде користен и за параолимписките игри 2012.[21]
Патека за BMX
уредиНадворешната патека за BMX велосипедизам има сместивост од 6.000 гледачи. Изградбата започнала во март 2011.[22] По Игрите трибините ќе бидат отстранети и патеката ќе биде преобликувана.[1][22] Првото натпреварување на патеката бил пробниот настап за Олимписките игри, дел од светскиот куп во BMX.[22] Патеката за мажи е долга 470 метри, додека патеката за жени е 430 метри долга. Досега таа претставува една од најпредизвикувачките патеки за BMX велосипедизам.[23]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „BMX Track | Venues“. Лондон 2012. 28 мај 2009. Архивирано од изворникот на 2012-09-09. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ „Lee Valley Regional Park Authority – VeloPark“. Leevalleypark.org.uk. 12 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 2012-02-11. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ „Објавени плановите за новиот Лондонски Велопарк“. London.gov.uk. 16 февруари 2005. Архивирано од изворникот на 2012-04-25. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ „Report of the IOC Evaluation Commission on the London bid“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-23. Посетено на 2012-07-27.
- ↑ „BBC SPORT | Other Sport | Cycling | GB cycling gets new £22m complex“. BBC News. 15 февруари 2005. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ „50 години британски велосипедизам - Седумдесеттите“. Britishcycling.org.uk. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ „Hog Hill proposed for new Eastway Cycle Circuit location – London Development Agency“. Lda.gov.uk. Архивирано од изворникот на 2011-09-27. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ „London Cycling Campaign“. Lcc.org.uk. 23 август 2006. Архивирано од изворникот на 2012-07-07. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ „UK | England | London | Plans for 2012 VeloPark unveiled“. BBC News. 8 септември 2008. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ „BBC SPORT | Other Sport... | Olympics 2012 | Hoy to help with Velopark design“. BBC News. 25 април 2007. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ „London – London Local – Shrinking Olympic legacy for cyclists“. BBC. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ „London – London Local – Eastway Cycle group rides to City Hall“. BBC. 19 март 2007. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ „An arena fit for champions“. RIBA Journal. Посетено на 15 април 2012.[мртва врска]
- ↑ ISG installs timber cycling track at Olympic Velodrome Construction Index
- ↑ Work begins on world's fastest velodrome Архивирано на 15 јули 2012 г., reuters.co.uk, 25 март 2009.
- ↑ „Отворен велодромот за Игрите 2012“. BBC News. 22 февруари 2011.
- ↑ Rachel Thomas (22 јули 2011). „How the velodrome found its form“. Plus Magazine. Посетено на 13 декември 2011.
- ↑ „Velodrome unveiled as Sir Chris Hoy, Victoria Pendleton, Jason Kenny & GB riders try out track for first time | February 2011“. Лондон 2012. 22 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2012-12-08. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ „Team GB cyclists test the track at unveiling of London 2012 Velodrome“. London2012.com. Архивирано од изворникот на 2011-10-26. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ RIBA Stirling Prize shortlist 2011: Olympic 'Pringle' Velodrome 21 јули 2011
- ↑ British Paralympic Association: London 2012 unveil Paralympic venue plan Архивирано на 7 октомври 2007 г. November 2006
- ↑ 22,0 22,1 22,2 Најџел Вин. „Work starts on 2012 Olympic BMX track | Latest News“. Cycling Weekly. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ „Competition Guide 19–20 август 2011“. Посетено на 15 април 2012.