Центар за водени спортови (Лондон)

Центарот за водени спортови (англиски: London Aquatics Centre) е повеќенаменска спортска арена која се наоѓа во Лондон, Обединетото Кралство. Арената е наменета за натпреварувањата во водени спортови, и е изградена за потребите на Летните олимписки игри 2012. Се наоѓа во Олимпискиот парк во источен Лондон, непосредно до Ватерполо арената и спроти Олимпискиот стадион.

Центар за водени спортови (Лондон)
Место
Отворен
Сопственик
Игра
Гледачи

Во центарот се наоѓаат два олимписки базени со должина од 50 метри, од кои едниот се користи на пливачките натпреварувања, а другиот за подготовка на спортистите, и базен со должина од 25 метри наменет за скокови во вода. Сместивоста на арената изнесува 17.500 места, за време на Олимписките игри, додека пак после игрите сместивоста е намалена на 2.500 места. Во арената ќе се одржуваат натпреварите во пливање, скокови во вода, синхронизирано пливање, и пливачкиот дел од современиот петобој.

Особености

уреди
 
Центарот за водени спортови при неговата изработката во февруари 2011

Проектот за арената го изработила добитникот на Прицкеровата награда за архитектура, Заха Хадид уште во 2004, и се одликува со карактеристична архитектура со закривен покрив. Изградбата на обејктот започнала во јули 2008, а завршила во јули 2011.[1] Објектот е висок 45 метри, долг 160 метри и широк 80 метри.

Целокупната структура се заснова на само два потпорни столба, едниот на северниот дел, а другиот на јужниот дел од објектот. Челичната конструкција на покривот е тешка 3.200 тони и е изработена од алуминиумски плочи. Површината на покривот изнесува 1.042 м². Уникатната кула со 6 скокалници над малиот базен за скокови во вода е изградена од 462 тони бетон, додека пак таванот е изграден од 30.000 парчиња црвено градежно дрво. Во сите три базени има околу 10.000 литри вода.

Сместивоста на арената изнесува 17.500 места, но по Олимписките игри две трибини се отстранети, и со тоа сместивоста е намалена на 2.500 места, со можност за додавање на уште 1000 места за големи настани.

 
Внатрешноста на центарот за водени спортови

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди