Стреличарство на Летните олимписки игри 2012
Натпреварите во стреличарство на Летните олимписки игри 2012 се одржаа од 27 јули до 3 август 2012 година. Се одржаа натпревари во четири дисциплини и сите од нив беа на Лордовиот терен за крикет во Лондон пред околу 6.500 гледачи.
Формат на натпреварување
уредиНа турнирот во стеличарство ќе учествуваат 128 натпреварувачи (по 64 во двете конкуренции) во четири дисциплини: мажи поединечно, жени поединечно, мажи екипно и жени екипно.[1]
Натпреварувањето ќе се одвива во склад со правилата на Светската Стреличарска Федерација. Пречникот на метата од 1,22 метра се наоѓа на оддалеченост од 70 метри од натпреварувачот. Погодокот во центарот се вреднува со 10 бода, а доколку се промаши метата натпреварувачот не добива бодови. (0 бода)
Поединечно
уредиВо поединечната конкуренција учествуваат 64 натпреварувачи во двете конкуренции. Во првата (ранкинг) рунда, натпреварувачите располагаат со 72 стрели (6 серии со 12 стрели). Брз основа на резултатот се одредуваат натпреварите во елиминационата фаза. Па така натпреварувачот што ќе издвојува најдобар резултат во првата рунда, за противник во следната рунда ќе го има натпреварувачот со најслаб резултат, итн.
Екипно
уредиВо екипната конкуренција учествуваат 12 тимови, а секој тим има по 3 стреличари кои можат да бидат и учесници од поединечната категорија. Врз основа на резултатот од основната рунда се формира рангирањето на тимовите. Четирите најдобропласирани тимови, директно обезбедуваат пласман во четвртфиналето, додека преостанатите тимови пласирани од 5 до 12 место, ќе се борат за преостанатите 4 места.
Распоред
уредиСите саатници се по Британско летно време (UTC+1).
Ден | Датум | Почеток | Крај | Дисциплина | Фаза |
---|---|---|---|---|---|
Ден 0 | петок, 27 јули | 9:00 | 15:00 | мажи поединечно | Основна рунда |
жени поединечно | Основна рунда | ||||
Ден 1 | Сабота, 28 јули | 9:00 | 19:00 | мажи екипно | Елиминации/медал рунда |
Ден 2 | Недела, 29 јули | 9:00 | 19:00 | жени екипно | Елиминации/медал рунда |
Ден 3 | Понеделник, 30 јули | 9:00 | 17:40 | мажи поединечно | 1/32 & 1/16 Елиминации |
жени поединечно | 1/32 & 1/16 Елиминации | ||||
Ден 4 | Вторник, 31 јули | 9:00 | 17:40 | мажи поединечно | 1/32 & 1/16 Елиминации |
жени поединечно | 1/32 & 1/16 Елиминации | ||||
Ден 5 | Среда, 1 август | 9:00 | 19:00 | мажи поединечно | 1/32 & 1/16 Елиминации |
жени поединечно | 1/32 & 1/16 Елиминации | ||||
Ден 6 | Четврток, 2 август | 9:00 | 16:20 | жени поединечно | Четврт/полу финале/Медал рунда |
Ден 7 | Петок, 3 август | 9:00 | 16:20 | мажи поединечно | Четврт/полу финале/Медал рунда |
Дисциплини
уредиДисциплина | Злато | Сребро | Бронза |
---|---|---|---|
Мажи поединечно подробно |
Ох Џин Хјек Јужна Кореја |
Такахару Фурукава Јапонија |
Даи Сјаосјанг Кина |
Жени поединечно подробно |
Ки По Пе Јужна Кореја |
Аида Роман Мексико |
Маријана Авитија Мексико |
Мажи екипно подробно |
Италија (ITA) Микеле Франгили Марко Галиацо Мауро Несполи |
САД (USA) Бреди Елисон Џејк Камински Јаков Вуки |
Јужна Кореја (KOR) Им Донг Хјун Ким Буб Минn Ох Џин Хјек |
Жени екипно подробно |
Јужна Кореја (KOR) Ли Сунг Јин Ки По Пе Чои Хјуенџу |
Кина (CHN) Фанг Јутинг Ченг Минг Ксу Јинг |
Јапонија (JPN) Каори Каванака Рен Хајакава Мики Кание |
Освојувачи на медали
уредиМесто | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | Јужна Кореја | 3 | 0 | 1 | 4 |
2 | Италија | 1 | 0 | 0 | 1 |
3 | Кина | 0 | 1 | 1 | 2 |
Јапонија | 0 | 1 | 1 | 2 | |
Мексико | 0 | 1 | 1 | 2 | |
6 | САД | 0 | 1 | 0 | 1 |
Вкупно | 4 | 4 | 4 | 12 |
Наводи
уреди- ↑ „Стреличарство“. Архивирано од изворникот 2010-06-04. Посетено на 14 јуни 2010.