Олимписки стадион (Лондон)
Олимпискиот стадион (англ. Olympic Stadium) е главниот спортски објект во Летни олимписки игри и параолимпијадата во 2012 во Лондон. Стадионот се наоѓа во подрачјето Стратфорд и има сместивост од 80.000 гледачи. Со ова е трет по големина во Британија, веднаш по Вембли и Твикенем. Подготовките на земјиштето започнале во 2007, а изградбата официјално почнала на 22 мај 2008. Изградбата завршила на 29 март 2011. Стадионот ќе биде и домаќин на Светското првенство во атлетика 2017.[1]
Олимписки стадион (Лондон) | |
---|---|
Место | |
Отворен | |
Сопственик | |
Игра | |
Гледачи |
Обвивка
уредиГрадбата е целосно обвиткана со полиестерско-полиетиленско платно, обезбедени од средства на хемиското претпријатие „Dow Chemical“ под услов претпријатието да рекламира на него до 26 јуни 2012.[2]
Постојани корисници
уредиКомитетот за олимписка оставнина едносгласно го избрал ФК Вест Хем Јунајтед за постојан корисник на стадионот.[3] Ова треба да се потврди во блиска иднина.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Лондон ја победи Доха за домаќин на Меѓународното првенство во атлетика во 2017 г. Архивирано на 13 ноември 2011 г. (англиски)
- ↑ Кортекас, Ванеса. „„Dow Chemical" склучи договор за олимпијадата“. www.ft.com. Посетено на 4 август 2011. (англиски)
- ↑ „Вест Хем избран за претпочитан траен корисник на Олимпискиот стадион во Лондон“. Bbc.co.uk. 11 февруари 2011. Посетено на 11 февруари 2011. (англиски)
Надворешни врски
уреди„Олимписки стадион (Лондон)“ на Ризницата ? |
- Официјален профил (англиски)
- Мреж. камера