Пинг-понг

(Пренасочено од Пинг понг)

Пинг-понг[1] (погрешно: пинг понг; уште познат и како тенис на табла и тенис на маса) — спорт во кој двајца или четворица играчи (два пара по двајца играчи) удараат малечко, шупливо пластично топче со помош на дрвени палки, насочувајќи го еден кон друг. Оваа игра е слична со тенисот на трева, со таа разлика што се игра на површината на една маса со мрежа на средината. Целта е да се удри топчето така што тоа ќе се префрли мрежата и ќе отскокне на противничката страна од масата на начин кој ќе го спречи противникот да стигне до него и да го врати кон противникот. Измислена во Англија во почетокот на XX век, играта наскоро се проширила низ целиот свет. Од средината на 1950 година, овој спорт станува доминантен во источноазиските земји. Од 1988 год. е прогласен за олимписки спорт во конкуренција за мажи и за жени.

Пинг-понг
Пинг-понг натпревар
Пинг-понг натпревар
Број на играчи 2 или 4
Се игра до: 11 бодови
Димензии: 2,7 м x 1,5 м
Димензии на мрежа: 1,5 м x 15,25 см
Вид на спорт: рекетен спорт
Сличен е на: тенис, бадминтон
При случај на реми се игра: додека еден играч не води
со 2 бода предност
Димензии на масата за пинг-понг

Еден звук - едно име

уреди

Во почетокот тенисот на маса на англиски се викал table tennis. Пред огромниот успех што ќе го достигне овој спорт, две конкурентски претпријатија почнуваат да ја произведуваат неопходната опрема за играње: рекети, топчиња и маси. Едното претпријатие своите производи ги продава под името Пинг-понг, а другото под името Ваф-ваф. Од двете марки победува она чие име е Пинг-понг, бидејќи подобро го имитира звукот при отскокнувањето на топчето во контакт со рекетот или масата.

Бод, сет, партија

уреди

Пинг-понгот се игра на правоаголна маса со димензии 2,74 m x 1,525 m, а масата има височина од 76 сm. Површината на масата, секогаш со темнозелена или темносина боја, може да биде дрвена или пластична. Масата е поделена на два дела, со попречна мрежа, висока 15,25 см. Краевите се нацртани со бели линии, кои ја ограничуваат површината каде што може топчето да скокне во текот на играта. Цел на играта е да се добијат првите 11 бода со минимална разлика од два бода во однос на противникот, што значи и добивање на сетот. Топчето е изработено од посебен материјал со тежина од 2,7 грама, а тоа има обем од 40 милиметри.[2][3]

За да се освои партијата, играчите мора да освојат три или четири од петте, односно седумте предвидени сета. На почетокот на, партијата, пингпонгарот, кој со влечење ждрепка станува првиот опслужувач, почнува со удирање на топчето со рекетот од позицијата што се наоѓа пред основната линија. Топчето мора првин да отскокне еднаш во полето на опслужувачот, да помине над мрежата и да го допре полето на противникот. Пинг-понгот, заедно со бадминтонот се сметаат за едни од најбрзите спортови за рефлексна брзина.

Наводи

уреди
  1. Правопис на македонскиот јазик (II. изд.). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. 2017. стр. 64. ISBN 978-608-220-042-2.
  2. „Laws of Table Tennis“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-04-07. Посетено на 2011-06-14.
  3. Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Физичко и здравствено образование за VIII одделение во осумгодишно образование. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010, стр. 89.

Надворешни врски

уреди