Теквондо на Летните олимписки игри 2012

Натпреварите во теквондо на Летните олимписки игри 2012 се одржале од 8 август до 11 август 2012 година во Ексел Центарот во Лондон. Натпреварувањето се состоеше од осум тежински дисциплини; четири за мажи, и четири за жени.

ЕкСел Центарот

Квалификации уреди

На натпреварите во теквондо на ЛОИ 2012 учествуваа 128 натпреварувачи, по 64 во двете конкуренции, по 16 во секоја од осумте категории. Секоја држава максимално можеше да пријави 4 натпреварувачи, по 2 во двете конкуренции.[1]

Велика Британија како домаќин добила 4 места, а уште 4 места доделила специјалната комисија во вид на специјални покани. Останатите 120 места се пополниле преку квалификациони турнири.

Распоред уреди

Дневен распоред
Датум→ Сре 8 Чет 9 Пет 10 Саб 11
Мажи 58 кг 68 кг 80 кг +80 кг
Жени 49 кг 57 кг 67 кг +67 кг

Освојувачи на Медали уреди

Машки дисциплини уреди

Теквондо на
Летните олимписки игри
2012

 
Мажи Жени
  58 кг     49 кг  
  68 кг     57 кг  
  80 кг     67 кг  
  +80 кг     +67 кг  
Дисциплина Злато Сребро Бронза
До 58 кг
подробно
Џоел Гонсалес
  Шпанија
Ли Техун
  Јужна Кореја
Алексаеј Денисенко
  Русија
Оскар Муњос
  Колумбија
До 68 кг
подробно
Сервет Тазеѓул
  Турција
Мохамад Багери Мотамед
  Иран
Теренс Џенингс
  САД
Рохула Никпаи
  Авганистан
До 80 кг
подробно
Себастијан Крисманич
  Аргентина
Николас Гарсија
  Шпанија
Лутало Мухамад
  Велика Британија
Мауро Сармиенто
  Италија
Преку 80 кг
подробно
Карло Молфета
  Италија
Ентони Обаме
  Габон
Робелис Деспајн
  Куба
Лиу Сјаобо
  Кина

Женски дисциплини уреди

Дисциплини Злато Сребро Бронза
До 49 кг
подробно
Ву Џингји
  Кина
Бриџит Јагве
  Шпанија
Чанатип Сонхам
  Тајланд
Луција Захиновиќ
  Хрватска
До 57 кг
подробно
Џејд Џоунс
  Велика Британија
Хоу Јуџуо
  Кина
Марлин Арноа
  Франција
Ценг Ли-Ченг
  Кинески Тајпеј
До 67 кг
подробно
Ванг Кјунг-Сеон
  Јужна Кореја
Нур Татар
  Турција
Пејџ Мекферсон
  САД
Хелена Фром
  Германија
Преку 67 кг
подробно
Милица Мандиќ
  Србија
Ан Каролин Графе
  Франција
Анастасија Баришникова
  Русија
Марија Еспиноза
  Мексико

Табела на медали уреди

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Шпанија 1 2 0 3
2   Кина 1 1 1 3
3   Јужна Кореја 1 1 0 2
  Турција 1 1 0 2
5   Велика Британија 1 0 1 2
  Италија 1 0 1 2
7   Аргентина 1 0 0 1
  Србија 1 0 0 1
9   Франција 0 1 1 2
10   Габон 0 1 0 1
  Иран 0 1 0 1
12   Русија 0 0 2 2
  САД 0 0 2 2
14   Авганистан 0 0 1 1
  Колумбија 0 0 1 1
  Хрватска 0 0 1 1
  Куба 0 0 1 1
  Германија 0 0 1 1
  Мексико 0 0 1 1
  Кинески Тајпеј 0 0 1 1
  Тајланд 0 0 1 1
Вкупно 8 8 16 32

Земји учеснички уреди

Вкупно 128 спортисти од 63 земји учествуваа на теквондо натпреварите на Летните олимписки игри.

Контроверзии уреди

Британскиот теквондист Арон Кук бил вмешан во контроверзии во поглед на изборот на натпреварувачи за олимписките игри. Иако рангиран прв во светот, Велика Британија одлучила на игрите да го прати Лутало Мухамад, рангиран како 59-ти во светот. Кук поднел жалба на изоставувањето тврдејќи дека бил занемарен бидејќи тој не се приклучил на британската тренинг програма и нашол свој тренер, но Светската Теквондо Федерација утврдила дека правилата не биле прекршени при изборот на натпреварувачи за игрите.[2]

Наводи уреди

  1. Квалификации во теквондо за ЛОИ 2012 ББС Спорт
  2. „London 2012 Olympics: Aaron Cook omission was fair, rules World Taekwondo Federation“. The Telegraph. 8 Aug 2012. Посетено на 8 Aug 2010.

Надворешни врски уреди