Современ петобој на Летните олимписки игри 2012

Olympic rings.svg

Натпреварите во современиот петобој на Летните олимписки игри 2012 во Лондон беа одржани на 11 и 12 август 2012 година. И во машката и во женската категорија учествувале по 36 натпреварувачи.[1] Местата за одржување на дисциплините биле арената копер Бокс, за мечување, Центарот за водени спортови во Олимпискиот парк за пливање и Гриничкиот парк, за јавањето и за комбинираното крос-кантри трчање и стрелаштво.[2]

Современ петобој на
Летните олимписки игри 2012

Modern pentathlon pictogram.svg
Дисциплини
мажи  жени

Формат на натпреварувањеУреди

Современиот петобој содржи пет дисциплини; стрелаштво, мечување, 200 м пливање слободен стил, коњички скокови и 3 км крос-кантри трчање.[3]

Ова биле први Олимписки игри во кои крос-кантри трчањето и стрелаштвото биле комбинирани; натпреварувачите биле соочени со три рунди на пукање, секоја рунда проследена со 1 км трчање. Во секоја од рундите во пукањето, натпреварувачите требало да погодат пет мети, наполнувајќи го пиштолот по секој истрел; потоа можеле да продолжат со трчање. Промашените истрели не биле казнети, но доколку се надминело времето од 70 секунди следувало казна.[3]

Постоеле планови за замена на пиштолите со ласерски пиштоли, по успешниот обид на Летните младински олимписки игри 2010 во Сингапур. Овие планови пропаднале по гласањето на раководното тело на овој спорт, Меѓународната Унија за Современ Петобој.[4][5]

Освојувачи на медалиУреди

Категорија Злато Сребро Бронза
Мажи
подробно
Давид Свобода
  Чешка
Као Жонгронг
  Кина
Адам Мароши
  Унгарија
Жени
подробно
Лаура Асадаускаите
  Литванија
Саманта Мареј
  Велика Британија
Јана Маркез
  Бразил

Табела на медалиУреди

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Чешка (CZE) 1 0 0 1
  Литванија (LTU) 1 0 0 1
3   Кина (CHN) 0 1 0 1
  Велика Британија (GBR) 0 1 0 1
5   Бразил (BRA) 0 0 1 1
  Унгарија (HUN) 0 0 1 1
Вкупно 2 2 2 6

НаводиУреди

  1. „Modern Pentathlon“. ЛОИ 2012 мрежно место. Архивирано од изворникот на 2012-12-06. Посетено на 5 мај 2011.
  2. „London 2012 Olympics: modern pentathlon guide“. The Telegraph. 14 февруари 2011. Посетено на 5 мај 2011.
  3. 3,0 3,1 Бренч, Џон (26 ноември 2008). „Modern Pentathlon Gets a Little Less Penta“. New York Times. Посетено на 5 May 2011.
  4. Глимур, Род (7 ноември 2010). „London 2012 Olympics: laser guns dropped as modern pentathlon rules for air pistol“. The Daily Telegraph. Посетено на 5 мај 2011.
  5. „Pentathlon drops plan to swap pistols for laser guns“. ББС Спорт. 7 ноември 2010. Посетено на 5 мај 2011.

Надворешни врскиУреди