Википедија:Викиекспедиции 2016

ВикиПроект
„Викиекспедиции“
Кратенки:
ВП:ЕКСПЕДИЦИИ

Во текот на 2016 година биле организирани шест викиекспедиции, со кои би биле опфатени следните области:

  1. Лакавичко — дводневна експедиција;
  2. Железник — дводневна експедиција;
  3. Дебрца — еднодневна експедиција;
  4. Преспа — дводневна експедиција;
  5. Злетовско-пробиштипско — еднодневна експедиција; и
  6. Малешевија — дводневна експедиција.

Прва експедиција

уреди

Лакавичко

уреди
 
Учесници на експедицијата пред возилото, заедно со ознаката на страничните врати, пред патоказот со кој се означува влезот на Општина Конче
Карти на посетени места
Подрачја во Општина Конче (лево) и Општина Радовиш (десно) покриени со експедицијата

Викендот на 2 и 3 април, нашите членови во состав на Македонец, Ehrlich91, Kiril Simeonovski и Petrovskyz се упатиле кон Лакавичко, област главно сместена во Општина Конче. Експедицијата започнала на 2 април, тргнувајќи од Скопје во шест часот, при што членовите на првата експедиција за 2016 година, веќе во осум часот влегле во границите на Општина Конче, а со тоа и на Лакавичката област. Иако, веднаш имало план да се упатат кон селото Гарван, сепак по укажување на мештанин од состојбата на патот, одлучивме да започнеме најпрвин со другите села. Така, првите фотографии биле направени од браната и езерото Мантово, а подоцна и од селата Долна Враштица и од Долни Радеш, кои се сместени покрај самите брегови на езерото, заедно со новата викенд-населба околу езерото.

По крајбрежните села, експедицијата продолжи со посета на селото Габревци, каде бевме одлично пречекани од месното население, со кои остваривме бројни контакти. Потоа, се упативме кон селата Конче и Лубница, иако сакавме да го посетиме и селото Скоруша, но поради лошиот пат, се откажавме и од ова село. Во Лубница и Конче направивме одлични фотографии од старите цркви, средновековната Горна Кула, црквата „Св. Стефан“ во Конче, најстарата градба во Конче и целата област, која празнува 650 години постоење и општинските установи во самото средиште на селото Конче. Подоцна, ги посетивме селата во горното течение на реката Крива Лакавица, Горни и Долни Липовиќ и Ракитец.

Кон крајот на денот, членовите веќе се упатиле кон селата Дедино и Ињево, како последни од целата област и Ињевско-коневачката парохија, со што вкупната бројка на посетени села се заокружи на десет.

Вториот ден, екипата го започнала со фотографирање на дел од општествените установи во градот Радовиш, самиот центар на градот, црквите во градот. Иако сакавме да ги посетиме селата Гарван, Загорци и Скоруша, со што би го завршиле нашето патување во Општина Конче, сепак поради лошите услови на патот, како и нестабилните временски услови, се одлучивме да се вратиме кон Скопје и наместо тие села ги посетиме селата Пиперово и Лесковица.

Покрај планираните села, во оваа експедиција биле посетени и фотографирани селата: Штурово, црквата „Св. Троица“ во Козбунар (на пат кон нашето сместување во хотелот „Бел камен“); Сулдурци и градот Радовиш во текот на вториот ден од нашата посета, како и селата Пиперово и Лесковица (на пат кон Скопје).

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Сулдурци — село   подобрена статија
2. Смрдеш (планина) — планина   подобрена статија
3. Црква „Св. Илија“ - Лубница — црква   нова статија
4. Црква „Св. Илија“ - Сулдурци — црква   нова статија
5. Црква „Св. Атанасиј“ - Сулдурци — црква   нова статија
6. Долна Враштица — село   подобрена статија
7. Мантово — езеро   нова статија
8. Црква „Вознесение Христово“ - Габревци — црква   нова статија
9. Црква „Св. Теодор Тирон“ - Пиперово — црква   нова статија
10. Црква „Св. Константин и Елена“ - Лубница — црква   нова статија
11. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Ракитец — црква   нова статија
12. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Долни Липовиќ — црква   нова статија
13. Црква „Св. Великомаченик Георгиј“ - Горни Липовиќ — црква   нова статија
14. Црква „Св. Стефан“ - Конче — црква   подобрена статија
15. Црква „Св. Никола“ - Дедино — црква   подобрена статија
16. Црква „Св. Атанасиј“ - Дедино — црква   подобрена статија
17. Црква „Вознесение Христово“ - Ињево — црква   нова статија
18. Долни Радеш — село   подобрена статија
19. Црква „Св. Петка“ - Ињево — црква   нова статија
20. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Долни Липовиќ — црква   нова статија
21. Горни Липовиќ — село   подобрена статија
22. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лубница — црква   нова статија
23. Црква „Св. Троица“ - Козбунар — црква   нова статија
24. Црква „Св. Димитриј“ - Габревци — црква   нова статија
25. Дедино — село   подобрена статија
26. Долни Липовиќ — село   подобрена статија
27. Конче — село   подобрена статија
28. ОУ „Гоце Делчев“ - Конче — основно училиште   подобрена статија
29. Конечки манастир — манастир   нова статија
30. Серта — планина   подобрена статија
31. Лакавица (област) — област   нова статија
32. Џамија (Конче) — џамија   нова статија
33. Конечки Езера — езеро   нова статија
34. ФК Серта — фудбалски клуб   подобрена статија
35. Лубница — село   подобрена статија
36. Штурово — село   подобрена статија
37. Ракитец — село   подобрена статија
38. Пиперово — село   подобрена статија
39. Црква „Св. Богородица“ - Пиперово — црква   нова статија
40. Лесковица — село   подобрена статија
41. Ињево — село   подобрена статија
42. Крива Лакавица — река   подобрена статија
43. Козбунар — село   подобрена статија
44. Црква „Св. Спасо Радовишки“ - Радовиш — црква   нова статија
45. ПУ „Гоце Делчев“ - Долни Липовиќ — основно училиште   нова статија
46. ПУ „Гоце Делчев“ - Ракитец — основно училиште   нова статија
47. ПУ „Гоце Делчев“ - Горни Липовиќ — основно училиште   нова статија
48. Габревци — село   значително подобрена статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Втора експедиција

уреди
Карти на посетени места
Подрачја во Општина Демир Хисар (лево) и Општина Крушево (десно) покриени со експедицијата
 
Возилото користено за време на експедиција (фотографирано во селото Железнец

Железник

уреди

На 4 и 5 јуни, нашите членови во состав на Македонец, Kiril Simeonovski, Ehrlich91 и Petrovskyz, спровеле опсежна Викиекспедиција во областа Железник, денешна Општина Демир Хисар.

Втората експедиција започнала на 4 јуни, тргнувајќи од Скопје во раните утрински часови, експедиција преку превојот Стража, каде била направена и единствена пауза, пристигнала околу осум часот во селото Велмевци, прво село од списокот на села за посета во областа на Железник. Дента биле планирани да се посетат селата од поранешната Општина Сопотница и тоа било исполнето во најголем дел. Дента, членовите на експедиција имале можност да се запознаат со два ретки занаети во Македонија, ќумурџирството во Базерник и валавничарството во Вирово. Воедно било посетено и селото Слоештица каде се наоѓа гробот на еден од најпознатите писатели во Македонија, Петре М. Андреевски.

Иако скоро непрепознатлив, обвиен со прашина од блискиот рудник, сепак го пронајдовме средновековниот Топлички манастир, денес во атар на селото Слоештица. Од манастирот е зачувана само манастирската црква, која немавме можност да ја посетиме одвнатре. По манастирот, беше посетено и селото Бабино, каде што се наоѓа најголемата приватна библиотека во Македонија. За жал, поради лоши услови на патиштата се откажавме од посета на селата Церово, Боиште и иселеното село Лесково.

Вечерта, членовите се упатиле кон Журче, покрај кое само поминале и се упатиле кон градот Крушево, каде што планирале да преноќат.

Наредниот ден, симнувајќи се од Крушево по друг пат, од селото Долно Дивјаци, членовите на Викиекспедиција навлегле во Општина Демир Хисар преку селото Кочиште и потоа започнале да се симнуваат кон рамничарските села околу градот Демир Хисар.

Во вториот ден, екипата имале одлична можност за посета на манастирот во Журче, со потекло од XII век, денес активен женски манастир. Манастирот ни беше отворен и одлично објаснет од страна на една монахиња, кој поседува исклучително вреден фрескоживопис. Подоцна, членовите се упатиле кон револуционерното село Смилево, каде што се одржал клучниот Смилевски конгрес пред Илинденското востание. Во селото биле направени одлични панорамски фотографии, биле посетени трите селски цркви, двата споменици на сретселото, спомен-паркот на Даме Груев над селото, како и опсежна посета на спомен-музејот во Смилево, одлично објаснет од кустосот во музејот.

Со фотографирани 29 села од Општина Демир Хисар, оваа експедиција претставува најплодната експедиција досега.

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Велмевци — село   подобрена статија
2. Црква „Св. Илија“ - Велмевци — црква   подобрена статија
3. Црква „Св. Петка“ - Велмевци — црква   подобрена статија
4. Големо Илино — село   подобрена статија
5. Црква „Св. Петка“ - Големо Илино — црква   нова статија
6. Црква „Св. Никола“ - Големо Илино — црква   нова статија
7. МХЕ „Големоилинска Река“ — мала хидроцентрала   нова статија
8. Мало Илино — село   подобрена статија
9. Малоилинска Река — река   нова статија
10. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Мало Илино — црква   нова статија
11. Црква „Св. Богородица“ - Железнец — црква   нова статија
12. Железнец — село   подобрена статија
13. Црна Река — река   подобрена статија
14. Зашле — село   подобрена статија
15. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Зашле — црква   нова статија
16. Црква „Св. Илија“ - Зашле — црква   нова статија
17. Лубен — планина   подобрена статија
18. Брезово — село   подобрена статија
19. Црква „Св. Илија“ - Брезово — црква   нова статија
20. Црква „Св. Богородица“ - Доленци (стара црква) — црква   нова статија
21. Црква „Св. Богородица“ - Доленци (нова црква) — црква   нова статија
22. Доленци (Демирхисарско) — село   подобрена статија
23. Базерник — село   подобрена статија
24. Бабинска Река — река   нова статија
25. МХЕ „Мала Река“ — мала хидроцентрала   нова статија
26. Рудник „Демир Хисар“ — рудник   нова статија
27. Црква „Св. Никола“ - Бабино — црква   нова статија
28. Бабино — село   подобрена статија
29. Вирово — село   подобрена статија
30. Црква „Св. Никола“ - Вирово — црква   нова статија
31. Црква „Св. Петка“ - Вирово — црква   нова статија
32. Мренога — село   подобрена статија
33. Црква „Вознесение Христово“ - Мренога — црква   нова статија
34. Слоештица — село   подобрена статија
35. Црква „Св. Петка“ - Слоештица — црква   нова статија
36. Црква „Св. Никола“ - Слоештица — црква   нова статија
37. Топлички манастир — манастир   нова статија
38. Жван — село   подобрена статија
39. Црква „Св. Атанасиј“ - Сопотница — црква   нова статија
40. Сопотница — село   подобрена статија
41. Сопотнички манастир — манастир   нова статија
42. Арилево — село   подобрена статија
43. Долно Дивјаци — село   подобрена статија
44. Жаба (река) — река   нова статија
45. Кочиште — село   подобрена статија
46. Црква „Св. Никола“ - Кочиште — црква   нова статија
47. Растојца — село   подобрена статија
48. Црква „Св. Богородица“ - Растојца — црква   нова статија
49. Ракитница — село   подобрена статија
50. Црква „Св. Димитриј“ - Ракитница — црква   нова статија
51. Ново Село (Демирхисарско) — село   подобрена статија
52. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ново Село — црква   нова статија
53. Прибилци — село   подобрена статија
54. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Прибилци — црква   нова статија
55. Црква „Св. Петка“ - Жван — црква   нова статија
56. ОУ „Браќа Миладиновци“ - Жван — основно училиште   подобрена статија
57. Црква „Св. Никола“ - Сопотница — црква   нова статија
58. Сопотничка парохија — црковна парохија   нова статија
59. Слепчанска парохија — црковна парохија   нова статија
60. Демирхисарска парохија — црковна парохија   подобрена статија
61. Суводол (Демирхисарско) — село   значително подобрена статија
62. Смилево — село   значително подобрена статија
63. Црква „Св. Димитриј“ - Смилево — црква   нова статија
64. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Смилево (селска) — црква   нова статија
65. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Смилево (гробјанска) — црква   нова статија
66. Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес — музеј   нова статија
67. Црква „Св. Илија“ - Сладуево — црква   нова статија
68. Сладуево — село   подобрена статија
69. Света — село   подобрена статија
70. Обедник — село   подобрена статија
71. Обедничица — река   нова статија
72. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Обедник — црква   нова статија
73. Џамија (Обедник) — џамија   нова статија
74. Кутретино — село   подобрена статија
75. Загориче — село   подобрена статија
76. Журче — село   подобрена статија
77. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Журче — црква   нова статија
78. Црква „Св. Атанасиј“ - Журче — црква   нова статија
79. Журчевски манастир — манастир   нова статија
80. Граиште — село   подобрена статија
81. Демир Хисар — град   подобрена статија
82. Црква „Св. Леонтиј“ - Граиште — црква   нова статија
83. Вардино — село   подобрена статија
84. Белче — село   подобрена статија
85. Општина Сопотница — општина   нова статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Трета експедиција

уреди

Дебрца

уреди
 
Карта на посетените села во Општина Дебрца
 
Википедијанци во разговор со мештани во селото Злести

На 13 август 2016 година (сабота) се одржа експедиција составена од Ehrlich91, Kiril Simeonovski и Македонец во областа на Дебрца (Дебарца), при што беа посетени вкупно 16 села.

Поради зафатеност на членот Македонец, целосно оправдано, односно спроведување на третиот дел од геоекспедициите на Шара во неделата, оваа Викиекспедиција ја спроведовме само во саботата, при што покривме вкупно 16 села, со што остануваат само 13 села од целата Општина Дебрца и само половина од нив во вистинската област Дебрца, кои планираме да ги покриеме некој следен викенд со уште посета на еден ден.

Веднаш по завршување на работните обврски во петокот, се упативме кон Охрид, каде што преноќивме за да можеме во саботата целосно одморени да тргнеме кон фотографирање на селата во областа Дебрца. Започнавме од селото Ботун, фотографирајќи ги селата од поранешната општина Белчишта. Среќна околност беше што селата беа близу едно до друго, па така многу брзо можевме да се движиме помеѓу нив. Наидовме на одличен прием од селаните, при што многу од селските цркви успеавме да ги фотографираме и во нивната внатрешност.

Целосно неочекувано при посетата на селото Злести и новоизградениот манастир „Св. Богородица“ во селото, откривме остатоци на стар храм во дворот на манастирот, со што фотографиравме значајно археолошко наоѓалиште. Исто така, во селото Лешани го фотографиравме манастирот „Сите Свети“, исто така, со стари зачувани градби, во кои денес е возобновен монашкиот живот. Значајни стари цркви успеавме да фотографираме и во селото Велмеј, каде што покрај познатата црква „Св. Богородица Ќелија“, вредни фрески се наоѓаа и во старата селска црква, кои ни беа објаснети од мештанин.

Експедицијата ја завршивме со фотографирање на остатоците од некогашното Слатинско Езеро, чија брана пукна пред неколку години, па сега е обраснато во трски, како и панорамска фотографија на селото Лактиње на пат кон Скопје.

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Ботун — село   подобрена статија
2. Злести — село   подобрена статија
3. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Злести — црква   нова статија
4. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Злести — црква   нова статија
5. Злестински манастир — манастир   нова статија
6. Св. Богородица Пречиста (Злести) — археолошко наоѓалиште   нова статија
7. Црква „Св. Богородица“ - Ботун (нова) — црква   нова статија
8. Ботунски манастир — манастир   нова статија
9. Сатеска — река   подобрена статија
10. Белчишки Син Вир — блато   подобрена статија
11. Белчишта — село   подобрена статија
12. Општина Белчишта — општина   нова статија
13. Црква „Св. Никола“ - Белчишта — црква   нова статија
14. ОУ „Дебрца“ - Белчишта — основно училиште   подобрена статија
15. Црква „Св. Атанасиј“ - Белчишта — црква   нова статија
16. Лешани — село   подобрена статија
17. Црква „Св. Никола“ - Лешани — црква   нова статија
18. Црква „Св. Атанасиј“ - Лешани — црква   нова статија
19. Црква „Сите Светители“ - Лешани — црква   подобрена статија
20. Црква „Покров на Пресвета Богородица“ - Лешани — црква   нова статија
21. Лешански манастир — манастир   нова статија
22. Велмеј — село   подобрена статија
23. Црква „Св. Никола“ - Велмеј — црква   подобрена статија
24. Црква „Св. Богородица Пречиста Ќелија“ - Велмеј — црква   подобрена статија
25. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Велмеј — црква   нова статија
26. Грко Поле — село   подобрена статија
27. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Грко Поле — црква   нова статија
28. Горно Средоречие — село   подобрена статија
29. Црква „Св. Богородица“ - Горно Средоречие — црква   нова статија
30. Долно Средоречие — село   подобрена статија
31. Ново Село (Охридско) — село   подобрена статија
32. Црква „Св. Богородица“ - Ново Село — црква   нова статија
33. Песочани — село   подобрена статија
34. Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Песочани — црква   нова статија
35. Арбиново — село   подобрена статија
36. Сошани — село   подобрена статија
37. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Сошани — црква   нова статија
38. Оздолени — село   подобрена статија
39. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Оздолени — црква   нова статија
40. Слатински Чифлик — село   подобрена статија
41. Слатинско Езеро — езеро   подобрена статија
42. Црква „Св. Богородица“ - Слатински Чифлик — црква   нова статија
43. Слатино (Охридско) — село   подобрена статија
44. Црква „Св. Недела“ - Слатино — црква   нова статија
45. Црква „Св. Јован Крстител“ - Слатино — црква   нова статија
46. Слатински манастир — манастир   нова статија
47. Издеглавје — село   подобрена статија
48. Црква „Св. Димитриј“ - Издеглавје — црква   нова статија
49. Црква „Св. Софија“ - Издеглавје — црква   нова статија
50. Белчишка парохија — црковна парохија   нова статија
51. Слатинска парохија — црковна парохија   нова статија
52. Велмејска парохија — црковна парохија   нова статија
53. Илинска Планина — планина   подобрена статија
54. ПУ „Дебрца“ - Ботун — основно училиште   нова статија
55. ПУ „Дебрца“ - Лешани — основно училиште   нова статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Четврта експедиција

уреди

Преспа

уреди
 
Карта на посетените села во Општина Ресен

Во текот на викендот 23-25 септември, членовите на Викиекспедиции се упатија кон областа Преспа, каде била спроведена четвртата експедиција. Оваа експедиција започнала на 23 септември, кога членовите тргнале од Скопје во доцните попладневни часови, упатувајќи се кон Отешево, каде биле сместени членовите на експедиција, преку превојот „Стража“. Вечерта, членовите утврдиле план за следниот ден, со кој утврдиме кои села треба да бидат посетени.

Главна цел на двата активни дена со фотографирање на преспанските села била да се опфатат сите села на самото крајбрежје на Големото Преспанско Езеро од македонска страна, кои денес се сместени во една единствена општина, Општина Ресен. На 24 септември, членовите започнале со посета на првото село Стење веднаш по појадокот, при што посетиле одреден број села на западниот брег на езерото, пред да се префрлат на западниот брег на езерото, посетувајќи ги исконските села, Брајчино и Љубојно. Биле посетени многу цркви и манастири, пејзажи на езерото, јаболкници кои ги имало во изобилство поради периодот пред берба, старата зачувана архитектура во потпелистерските села на источниот брег, како и бројни панорамски фотографии на селата. Воедно, била фотографирана и најјужната точка на Македонија, Маркова Нога крај селото Долно Дупени. Вечерта, членовите на експедицијата присуствувале и на самата манифестација „Јаболкобер“ која се одржувала во градот Ресен.

Следниот ден, членовите на експедиција имале помал круг околу езерото, посетувајќи села на обата брега, при што биле посетени исто така бројни цркви и манастири, меѓу кои и познатиот Сливнички манастир, каде што биле направени и панорамски фотографии на самото езеро. Денот бил завршен со посета на големиот Преспански Крст сместен кај селото Подмочани, од каде што членовите ја привршиле својата успешна експедиција од овој крај. Во текот на двата дена, членовите често пати ја употребувале книгата „Населбите во Преспа“, која ќе биде користена и при пишување на статиите од овој крај.

Со фотографирани 29 села од Општина Ресен, оваа експедиција се израмнила со најплодната експедиција, која важела дотогаш, односно експедицијата во областа Железник.

Галерија
Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Стење — село   подобрена статија
2. Национален парк Галичица — национален парк   подобрена статија
3. ФК Стење — фудбалски клуб   подобрена статија
4. Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Стење — црква   подобрена статија
5. Црква „Св. Никола“ - Стење — црква   нова статија
6. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Стење — црква   нова статија
7. Црква „Св. Атанасиј“ - Стење (стара црква) — црква   нова статија
8. Црква „Св. Атанасиј“ - Стење (нова црква) — црква   нова статија
9. Лескоец (Ресенско) — село   подобрена статија
10. Црква „Св. Никола“ - Лескоец (Ресенско) — црква   нова статија
11. Отешево — село   подобрена статија
12. Црква „Св. Недела“ - Сирхан — црква   нова статија
13. Споменик за Преспанското советување на ЦК на КПМ — споменик   нова статија
14. Шурленци — село   подобрена статија
15. Црква „Св. Никола“ - Шурленци — црква   нова статија
16. Покрвеник — село   подобрена статија
17. Црква „Св. Никола“ - Покрвеник — црква   нова статија
18. Црква „Св. Атанасиј“ - Покрвеник — црква   нова статија
19. Волкодери — село   подобрена статија
20. Црква „Св. Атанасиј“ - Волкодери — црква   нова статија
21. Козјак (Ресенско) — село   подобрена статија
22. Џамија (Козјак) — џамија   нова статија
23. Рајца — село   подобрена статија
24. Црква „Св. Никола“ - Рајца — црква   нова статија
25. Брајчино — село   подобрена статија
26. Баба (планина) — планина   подобрена статија
27. Брајчинска Река — река   нова статија
28. Брезница (река) — река   нова статија
29. Црква „Св. Никола“ - Брајчино — црква   нова статија
30. Црква „Св. Петка“ - Брајчино — црква   нова статија
31. Брајчински манастир — манастир   подобрена статија
32. Љубојно — село   подобрена статија
33. ОУ „Димитар Влахов“ - Љубојно — основно училиште   подобрена статија
34. Црква „Св. Јован Богослов“ - Љубојно — црква   нова статија
35. Црква „Св. Петар и Павле“ - Љубојно — црква   нова статија
36. Љубојнски манастир — манастир   нова статија
37. Наколец — село   подобрена статија
38. Црква „Св. Никола“ - Наколец — црква   нова статија
39. Џамија (Наколец) — џамија   нова статија
40. Долно Дупени — село   подобрена статија
41. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Долно Дупени — црква   подобрена статија
42. Маркова Нога — месност   подобрена статија
43. Штрбово — село   подобрена статија
44. Штрбовска Река — река   нова статија
45. Црква „Св. Атанасиј“ - Штрбово — црква   нова статија
46. Црква „Св. Никола“ - Штрбово — црква   нова статија
47. Црква „Св. Димитриј“ - Штрбово — црква   нова статија
48. Црква „Св. Богородица“ - Штрбово — црква   нова статија
49. Црква „Св. Петка“ - Горно Штрбово — црква   нова статија
50. Црква „Св. Петка“ - Долно Штрбово — црква   нова статија
51. Арвати — село   подобрена статија
52. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Арвати — црква   нова статија
53. Црква „Св. Никола“ - Арвати — црква   нова статија
54. Кранска Река — река   нова статија
55. Крани — село   подобрена статија
56. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Крани — црква   нова статија
57. Џамија (Крани) — џамија   нова статија
58. Сливница — село   подобрена статија
59. Црква „Св. Димитриј“ - Сливница — црква   подобрена статија
60. Црква „Св. Атанасиј“ - Сливница — црква   нова статија
61. Црква „Св. Никола“ - Сливница — црква   нова статија
62. Црква „Св. Петар“ - Сливница — црква   нова статија
63. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Сливница — црква   нова статија
64. Сливнички манастир — манастир   подобрена статија
65. Претор — село   подобрена статија
66. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Претор — црква   нова статија
67. Асамати — село   подобрена статија
68. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Асамати — црква   нова статија
69. Џамија (Асамати) — џамија   нова статија
70. Горна Бела Црква — село   подобрена статија
71. Џамија (Горна Бела Црква) — џамија   нова статија
72. Долна Бела Црква — село   подобрена статија
73. Црква „Св. Константин и Елена“ - Долна Бела Црква — црква   нова статија
74. Грнчари — село   подобрена статија
75. Црква „Св. Атанасиј“ - Грнчари — црква   нова статија
76. Курбиново — село   подобрена статија
77. Црква „Св. Јован Крстител“ - Курбиново — црква   нова статија
78. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Курбиново — црква   подобрена статија
79. Црква „Св. Никола Горни“ - Царев Двор — црква   нова статија
80. Црква „Св. Атанасиј“ - Перово — црква   нова статија
81. Црква „Св. Илија“ - Езерани — црква   нова статија
82. Преспански крст — крст   нова статија
83. Црква „Св. Петар и Павле“ - Подмочани — црква   нова статија
84. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Подмочани — црква   нова статија
85. Џамија (Царев Двор) — џамија   нова статија
86. Црква „Св. Илија“ - Прељубје — црква   нова статија
87. Прељупски манастир — манастир   нова статија
88. ПУ „Димитар Влахов“ - Долно Дупени — основно училиште   нова статија
89. ПУ „Димитар Влахов“ - Наколец — основно училиште   нова статија
90. Перово — село   значително подобрена статија
91. Дрмени — село   значително подобрена статија
92. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Дрмени — црква   подобрена статија
93. Прва ресенска парохија — црковна парохија   подобрена статија
94. ПУ „Браќа Миладиновци“ - Езерани — основно училиште   нова статија
95. ОУ „Браќа Миладиновци“ - Царев Двор — основно училиште   значително подобрена статија
96. Езерани — село   значително подобрена статија
97. ОУ „Славејко Арсов“ - Подмочани — основно училиште   значително подобрена статија
98. Подмочани — село   значително подобрена статија
99. Прељубје — село   значително подобрена статија
100. Царев Двор — село   значително подобрена статија
101. Ресен — град   подобрена статија
102. ФК Младост (Царев Двор) — фудбалски клуб   подобрена статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Петта експедиција

уреди

Злетовско-пробиштипско

уреди
 
Карта на посетените села во Општина Пробиштип

На 29 октомври 2016 година, четворица членови на Викиекспедиции се упатиле на еднодневно истражување во Злетово и Пробиштип, денес на подрачјето на единствената Општина Пробиштип. Поради помалиот број на села, членовите решиле дека е доволно еден ден за опфаќање на оваа општина.

Експедицијата започнала рано наутро во шест часот со тргнување од Скопје, при што преку регионалниот пат Скопје-Свети Николе-Пробиштип, учесниците пристапиле од западниот дел на Општина Пробиштип. Во текот на целиот ден, учесниците главно се движеле околу регионалниот пат Пробиштип-Кратово, посетувајќи ги блиските села, остварувајќи 16 посетени села на крајот на денот.

Покрај опфаќање на панорамски фотографии на селата, кои поради добрата местоположба на самите села, биле лесни за создавање, биле фотографирани и голем број селски цркви, познатиот Лесновски манастир, манастирите околу Злетово и Злетовска Река, како и браната Пишица, која сè уште е во изградба.

Галерија
Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Злетовско-пробиштипски регион — област   подобрена статија
2. Куково — село   подобрена статија
3. Пуздерци — село   подобрена статија
4. Црква „Св. Илија“ - Пуздерци — црква   нова статија
5. Зарапинци — село   подобрена статија
6. Петршино — село   подобрена статија
7. Неокази — село   подобрена статија
8. Ратавица — село   подобрена статија
9. Црква „Св. Троица“ - Ратавица — црква   нова статија
10. Бунеш — село   подобрена статија
11. Црква „Св. Илија“ - Бунеш — црква   нова статија
12. Злетовска Река — река   подобрена статија
13. Злетово — село   подобрена статија
14. Турско Рудари — село   подобрена статија
15. Злетовски манастир — манастир   нова статија
16. Црква „Св. Богородица Балаклија“ - Злетово — црква   нова статија
17. Зеленградски манастир — манастир   нова статија
18. Црква „Св. Спиридон“ - Зеленград — црква   нова статија
19. Лесново — село   подобрена статија
20. Лесновска Купа — вулканска наобразба   нова статија
21. Лесновски манастир — манастир   подобрена статија
22. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Лесново — црква   подобрена статија
23. Древено — село   подобрена статија
24. Црква „Св. Јован Крстител“ - Древено — црква   подобрена статија
25. Добрево — село   подобрена статија
26. Црква „Св. Илија“ - Добрево — црква   подобрена статија
27. Рудник „Добрево“ — рудник   подобрена статија
28. Трипатанци — село   подобрена статија
29. Лезово — село   подобрена статија
30. Трооло — село   подобрена статија
31. Црква „Св. Троица“ - Трооло — црква   нова статија
32. Пишица — село   подобрена статија
33. Пишичко Езеро — вештачко езеро   нова статија
34. Трета пробиштипска парохија — црковна парохија   подобрена статија
35. Четврта пробиштипска парохија — црковна парохија   подобрена статија
36. Злетовска парохија — црковна парохија   подобрена статија
37. Црква „Св. Троица“ - Дренак — црква   нова статија
38. ПУ „Браќа Миладиновци“ - Ратавица — основно училиште   нова статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Шеста експедиција

уреди

Малешевија

уреди
Карти на посетени места
Подрачја во Општина Берово (лево) и Општина Пехчево (десно) покриени со експедицијата

Рано утрината во 06:00 часот на 12 ноември (сабота) го започнавме нашето патување кон областа Малеш на крајниот исток од нашата земја. Времето уште на самиот почеток беше облачно, а и самите прогнози најавуваат обилни врнежи, невреме со грмотевица, како во Скопје, така и областа на градот Берово. Сепак, времето во текот на целиот ден, односно до 17:00 часот кога завршивме со посета на села за тој ден, беше сосема убаво, облачно и со росење на моменти кон крајот на денот. Поради тоа, првиот ден успешно ги завршивме планираните села за тој ден.

Во Општина Берово влеговме преку регионалниот пат од Виница и првото село кое го посетивме беше Митрашинци, каде нè пречека одлично сончево време, со што направивме одлични панорамски фотографии, ја посетивме старата и новата црква посветени на Свети Илија, како и старите куќи во ова големо село. Следно село кое го посетивме беше Будинарци, кое со својата положба пружа извонредна можност да се фотографира од самиот регионален пат. По посетата на селото Мачево, старото село, како и издвоениот дел на новоградби покрај патот, одлучивме дека е подобро во текот на првиот ден да продолжиме со пехчевските села во областа Малешевија.

Во Општина Пехчево беа посетени селата Робово, Умлена и Чифлик, како и Негрево, родното село на македонскиот писател Ефтим Клетников. Кога стигнавме во градот Пехчево, одлучивме да ги посетиме Пехчевските Водопади, како и месноста Равна Река, каде што се наоѓа и самиот извор на најголемата лева притока на Вардар, реката Брегалница. Успеавме да направиме одлични фотографии од областа, вистински есенски пејзажи.

Првиот ден го завршивме со враќање во градот Берово, каде што вечеравме, пробувајќи вистински домашни и традиционални јадења специфични за тој крај, како што се буламач и „малешевска тава“.

Вториот ден, го отпочнавме со посета на најоддалеченото беровско село, Двориште, оддалечено околу 20-тина километри од самиот град, каде што беше фотографирана и локалната река. На враќање кон Берово, беше посетено и селото Ратево, по кое некогаш самото езеро се нарекува Ратевско Езеро. Подоцна, продолживме со фотографирање на селата Русиново и Владимирово, големи беровски села со зачувана архитектура. Продолживме во селото Смојмирово, како и со мала посета на градовите Берово и Пехчево, фотографирајќи ги општествените установи во нив.

Галерија
Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. ЖС „Рајко Жинзифов“ — железничка станица   подобрена статија
2. Митрашинци — село   подобрена статија
3. Црква „Св. Илија“ - Митрашинци (стара) — црква   нова статија
4. Црква „Св. Илија“ - Митрашинци (нова) — црква   нова статија
5. Будинарци — село   подобрена статија
6. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Будинарци — црква   подобрена статија
7. Владимирово — село   подобрена статија
8. Црква „Вознесение Христово“ - Владимирово — црква   подобрена статија
9. Црква „Св. Илија“ - Владимирово — црква   нова статија
10. Двориште (Беровско) — село   подобрена статија
11. Црква „Пресвета Богородица“ - Двориште — црква   нова статија
12. Дворишка Река — река   нова статија
13. Мачево — село   подобрена статија
14. Црква „Св. Атанасиј“ - Мачево — црква   нова статија
15. Негревска Река — река   нова статија
16. Црква „Св. Константин и Елена“ - Негрево — црква   нова статија
17. Црква „Вознесение Христово“ - Умлена — црква   нова статија
18. Црква „Св. Јован Богослов“ - Чифлик — црква   нова статија
19. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Смојмирово — црква   нова статија
20. Пехчевски Водопади — водопади   нова статија
21. Ратево — село   подобрена статија
22. Црква „Св. Петар и Павле“ - Ратево — црква   подобрена статија
23. Ратевска Река — река   нова статија
24. Брегалница — река   подобрена статија
25. Основен суд Берово — суд   подобрена статија
26. Русиново — село   подобрена статија
27. Црква „Св. Петка“ - Русиново — црква   подобрена статија
28. ОУ „Никола Петров - Русински“ - Русиново — основно училиште   подобрена статија
29. Никола Петров Русински — револуционер   подобрена статија
30. Смојмирово — село   подобрена статија
31. ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово — основно училиште   подобрена статија
32. Негрево — село   подобрена статија
33. Пехчево — град   подобрена статија
34. Робово (Пехчевско) — село   подобрена статија
35. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Робово — црква   подобрена статија
36. Берово — град   подобрена статија
37. Дедо Иљо Малешевски — револуционер   подобрена статија
38. Никола Малешевски — револуционер   подобрена статија
39. Атанас Раздолов — револуционер   подобрена статија
40. ОСУ „Ацо Русковски“ - Берово — средно училиште   подобрена статија
41. Умлена — село   подобрена статија
42. Чифлик (Пехчевско) — село   подобрена статија
43. ПУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Двориште — основно училиште   нова статија
44. ПУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Митрашинци — основно училиште   нова статија
45. ПУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Будинарци — основно училиште   нова статија
46. ПУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Мачево — основно училиште   нова статија
47. ПУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Ратево — основно училиште   нова статија
48. ПУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Смојмирово — основно училиште   нова статија
49. ПУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Владимирово — основно училиште   нова статија
50. ПУ „Ванчо Китанов“ - Робово — основно училиште   нова статија
51. ПУ „Ванчо Китанов“ - Умлена — основно училиште   нова статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Поврзано

уреди