Црква „Св. Никола“ - Лешани
црква во селото Лешани
Свети Никола — главна селска црква на селото Лешани, во чиј двор се наоѓаат и селските гробишта.
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Белчишка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°16′32″N 20°51′50″E / 41.27556° СГШ; 20.86389° ИГД |
Место | Лешани |
Општина | Дебрца |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1909 |
Завршено | 1919 (1976) |
Осветување | 1920 |
Рушење | 1976 |
Архитектонски опис |
Старата црква од 1909 година, која имала под околу 80 см под површината на земјата, а на западната и јужната страна припрата, била урната и на нејзино место била изградена денешната црква, која целосно ја заменила црквата „Успение на Пресвета Богородица“ како главна селска црква.[1]
Сите престолни и празнични икони во црквата се насликани од Русалим Крстев од Лазарополе,[2] кои биле пренесени од иконостасот на старата црква Успение на Пресвета Богородица.[1]
Историја
уредиБила градена од 1909 до 1919 година, а била осветена во 1920 година. Иконите на иконостасот се изработени од Русалим Крстев од Лазарополе во 1909 година.[2]
Галерија
уреди-
Камбанаријата во црквата
-
Дел од гробиштата со помошниот објект околу црквата
-
Влезот во црквата
-
Гробиштата во црквата
-
Поглед на црквата од самата камбанарија
-
Дел од селото, заедно со помошниот објект
-
Апсидата на црквата
-
Поглед на црквата со дел од селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Китевски, Марко (27 март 2015). „Цркви и манастири во Охридско“. Македонска информативна агенција. Скопје. Посетено на 7 септември 2016.
- ↑ 2,0 2,1 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 30 август 2016.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Лешани на Ризницата ?