Рудник „Добрево“
- За истоименото село видете тука
Добрево — лежиште и подземен коп на рудникот „Злетово“ на оловноцинкова руда, кој се наоѓа во источните делови на Кратовско-злетовското вулканогено подрачје, на оддалеченост од 7 километри од градот Пробиштип.
Геологија
уредиВо геолошката градба на наоѓалиштето учествуваат, главно, вулкански карпи претставени со различни типови на андезити, дацити, игнимбрити, дацито-андезити, вулкански туфови и друго. Оловно-цинковата минерализација во наоѓалиштето е контролирана, најчесто, од раседните структури. Според генетските услови на настанок, жиченото оловно-цинково наоѓалиште Добрево е формирано во субвулкански услови, во рамките на хидротермалниот стадиум на формирање. Содржината на главните метали во просек е: 9% олово, 3% цинк, 45 g/t сребро и зголемени содржини на кадмиум, бизмит, злато, арсен, индиум, галиум, германиум и др.[1]
Руда
уредиГлавни рудни минерали и носители на оловото и цинкот се галенитот и сфалеритот, редовно следени од халкопирит, тетраедрит, тенантит, пирит, борнит, енаргит и др.[1]
Галерија
уреди- Рудник
-
Погонот на рудникот
-
Поглед на рудникот
- Руди
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Рудник „Добрево“ на Ризницата ?
42°01′35.9004″N 22°12′11.0268″E / 42.026639000° СГШ; 22.203063000° ИГД