Злетовски манастир
Злетовски манастир — манастир во Злетовско-пробиштипско, во источниот дел од Македонија. Се наоѓа на падините на Осоговските Планини, во месноста Марена, на околу 5 км од селото Злетово, непосредно на левата страна од Злетовска Река. Претставува метох на Лесновскиот манастир.[1][2]
Поглед на манастирските конаци | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Злетовски манастир |
Други имиња | Манастир „Св. Богородица Балаклија“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 2010 |
Посветен на | Богородица Марија |
Епархија | Брегалничка |
Цркви | Црква „Св. Богородица Балаклија“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Злетово, Општина Пробиштип Македонија |
Координати | 42°00′50.6″N 22°15′34.7″E / 42.014056° СГШ; 22.259639° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, конаци |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Злетовска парохија) |
Историја
уредиМанастирот бил осветен од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на 16 мај 2010 година, а на церемонијата на осветувањето присуствувале надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, претставници на Владата на Република Македонија и верници од повеќе градови во Македонија. Во своето обраќање, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан споменал дека на местото некогаш постоел манастир посветен на Пресвета Богородица и дека во него живееле и се молеле монаси. Планирано било монашкиот живот да се врати во новоизградениот манастир. Ктитор на манастирот е пратеникот во Собранието на Република Македонија Чедо Петров од Пробиштип, кому во знак на благодарност му бил доделен Орден на Брегалничката епархија со ликот на Свети Никола.[1][2]
Градби
уредиВо склоп на манастирот спаѓаат манастирската црква, конаците и мал помошен објект.
Црква „Свети Богородица Балаклија“
уредиЦрквата се наоѓа во средишниот дел од манастирот. Градбата има правоаголна основа и по својот облик претставува крсто-куполен храм, при што куполата има осумаголна основа и на секоја од осумте страни има монофора. Целата градба е покриена со ќерамиди. Камбанаријата на црквата е сместена од десната страна на нејзиниот заден дел.
Конаци
уредиВо конаците било планирано да се обнови монашкиот живот кој се верува дека постоел во манастир кој некогаш се наоѓал на истото место.
Галерија
уреди-
Влезната порта од манастирот
-
Манастирската црква
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Осветен манастирот посветен на Пресвета Богородица – Источен Петок Балаклија Архивирано на 9 јуни 2020 г., страница на Брегалничката епархија.
- ↑ 2,0 2,1 Б., И.. „Осветен нов манастир кај Злетово[мртва врска]“, Утрински весник, 16 мај 2010.
Надворешни врски
уреди- Злетовски манастир на Ризницата ?