Црква „Св. Спиридон“ - Зеленград

главна црква на Зеленградскиот манастир

Свети Спиридон — главна манастирска црква во рамки на Зеленградскиот манастир.

Свети Спиридон

Поглед кон манастирската црква

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Злетовска
Местоположба

Карта

Координати 42°01′25.4″N 22°15′52.4″E / 42.023722° СГШ; 22.264556° ИГД / 42.023722; 22.264556
Место Зеленград
Општина Кратово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Спиридон
Изградба 2006
Завршено 2007
Осветување 21 јули 2007
Живопис 2006
Зограф Драган Ристески и Лазар Лечиќ
Архитектонски опис

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа на самата атарска граница на кратовското село Луково и пробиштипското село Зеленград.

Историја

уреди

Изградбата на црквата започнала во 2006 година, а уште истата година била живописана. Осветена била заедно со манастирот на 21 јули 2007 година од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.[1]

Архитектура

уреди

Градбата има правоаголна основа и се состои од два дела. Првиот дел кон којшто води влезната дрвена врата е понизок. Над влезната врата е живописан ликот на Свети Спиридон. На предниот ѕид од вториот дел се наоѓа уште една влезна врата. Црквата е изградена од камен и тули, и целосно покриена со ќерамиди. Внатрешноста е живописана од страна на зорафите Драган Ристески од Охрид и Лазар Лечиќ од Војводина.[1] На една од фреските е прикажано Успението на Пресвета Богородица.

Камбанаријата на црквата е сместена од десната страна пред самата црква. Таа се состои од два дела. Првиот има квадратна основа и содржи два ката. Фасадата на првиот кат е од камен и до овој дел води влезна врата на предната страна од градбата, додека од левата страна има два отворени прозорци. Фасадата на вториот кат е малтерисана и е обоена во бела боја, при што во средината на страните има прозорец. Вториот дел има осумаголна основа и се состои од осум дрвени столбови што се издигаат по средина од кровот на првиот дел. Во овој дел е сместено ѕвоното. Двата дела се покриени со ќерамиди, а на врвот од камбанаријата има крст. Скалите до вториот дел се поставени странично, од десната страна на градбата.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди