Црква „Св. Илија“ - Прељубје

црква во селото Прељубје

Свети Илија — главна и единствена манастирска црква на Прељупскиот манастир во селото Прељубје, Ресенско.[1]

Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Втора ресенска
Местоположба

Карта

Координати 41°02′04″N 20°57′37″E / 41.03444° СГШ; 20.96028° ИГД / 41.03444; 20.96028
Место Прељубје
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 1999
Ктитор Пеце Ѓурковски
Архитектонски опис

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во самото село, на местоположба од каде се гледа целата Преспанска Котлина.[2]

Историја

уреди

Се верува дека некогаш во минатото постоела црква, чии темели неодамна повторно биле пронајдени. Поради тоа се појавила иницијатива за обнова на црквата.[2]

Црквата била обновена во 1999 година, како што е наведено на плочата поставена на црквата. Истата била обновена од страна на ктиторот Пеце Ѓурковски, кој потекнува од селото, но живее и работи во Франкфурт, Германија.[3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 249. ISBN 9789989920554. Посетено на 21 февруари 2019.
  3. Таушанска, Марија (2018-08-16). „Седумвековен даб го чува манастирот „Свети Илија" во Прељубје“. Нова Македонија. Посетено на 2019-02-21.

Надворешни врски

уреди