ОУ „Димитар Влахов“ - Љубојно
Основно училиште „Димитар Влахов“ (официјално: Основно општинско училиште „Димитар Влахов“ - Љубојно; скратено: ООУ „Димитар Влахов“) — единствено основно училиште во селото Љубојно, кое претставува централно за околните села.
Димитар Влахов | |
---|---|
Поглед на новото централно училиште во Љубојно
| |
Место | |
Општина: | Општина Ресен |
Наречено по: | Димитар Влахов |
Нас. место: | Љубојно |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | dimitarvlahov.wordpress.com/about/ |
Училиштето е сместено на влезот во селото, во нова училишна зграда, изградена во 1971 година.[1]
Историја
уредиНема пишани документи, но според кажувањето на постарите љубојнчани, првото училиште во селото било изградено во втората половина на 19 век. Училиштето било малечко и само со две училници.
Потоа, во 1907 година, со доброволна работа на селаните, изградено е ново и просторно училиште на два ката, во близината на сретселото, а во дворот на старото училиште. Првата настава во новото училиште започнала во 1908 година, а за први учители биле назначени: Климе, Каролина и Лена, сите Македонци од Охрид, што докажува дека во крајот на 19 век во Охрид брзо напредувала писменоста.
Во текот на Првата светска војна, како и меѓу војните, училиштето во Љубојно имало повеќе намени. Така, по поделбата на Македонија, тоа било користено за болница на француските војски, за потоа во него да продефилира еден голем и различен по состав наставен кадар. Многу од нив ја обавувале својата просветителска должност, а некои биле само маша на буржуарскиот сталеж; го малтретирале македонското население, а децата ги учеле на туѓи јазици, неразбирливи за нив. Само во текот на Втората светска војна, македонските деца во Љубојно „ги учеле“: спрски, италијански, албански и бугарски „учители“.
Сите страдања, бруталности и непедагошки односи кон македонското население и невините Македончиња се окончале на 5 ноември 1944 година, со ослободувањето на Преспа од окупаторите. Престанале асимилаторските односи кон македонскиот народ од овој крај на Преспа, кон народот кој со векови трпел ропство и понижување.
По ослободувањето на 14 ноември 1944 година, за првпат во Љубојно се отворило училиште на мајчин - македонски јазик. Тоа е првото училиште на македонски јазик во Преспа, а второ во слободна Македонија, гордост на плеада интелектуалци кои го започнале своето школување на мајчин јазик.
Посебно внимание заслужуваат напорите на првите македонски учители во Љубојно, а тоа биле: Методија Јовковски, Благоја Ничевски и Јосив Кондовски од Љубојно, Филип Поповски од Долно Дупени и Фанија Чемчева од Воден, Егејска Македонија. Секако, посебно внимание и благодарност треба да им се даде и на голема група учители и наставници што ја продолжија наставната дејност во Преспа.
Подрачни училишта
уредиВо рамките на општинското основно училиште „Димитар Влахов“ се наоѓаат и пет подрачни основни училишта од прво до петто одделение, а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во селото Љубојно. Овие училишта се:
Галерија
уреди-
Зградата на училиштето
-
Дворот пред зградата на училиштето
-
Влезот во училиштето
Наводи
уреди- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 199–208. ISBN 9789989920554. Посетено на 26 ноември 2016.