Црква „Св. Троица“ - Трооло
Света Троица — главна селска црква во селото Трооло.[1]
Света Троица
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Трета пробиштипска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°54′14.6″N 22°09′18.1″E / 41.904056° СГШ; 22.155028° ИГД |
Место | Трооло |
Општина | Пробиштип |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свето Тројство |
Завршено | 1901 |
Зограф | непознато |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена во средишниот дел од селото Трооло, во непосредна близина на сретселото.
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1901 година, но не е познато кога и од кој архијереј била осветена. Исто така, не е познато кога и од кој зограф биле изработени иконите. Црквата не е зографисана.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа. Ѕидана е од камен и малтер со полутркалезни сводови и е покриена со ќерамиди. На северниот и јужниот ѕид има по еден прозорец. Од западната и јужната страна на градбата е доградена припрата, којашто е пониска и исто така е покриена со ќерамиди. Над влезната порта има натпис на којшто е испишан датумот 23 февруари 1901 година и од кој се забележува дека црквата има повеќе ктитори. Над натписот има живопис на којшто е прикажано Светото Тројство.
Дворот на црквата е обележан со камена ограда. Камбанаријата е сместена во аголот од дворот на црквата, од левата страна на влезната порта. Таа претставува дводелна градба од камени тули, при што првиот дел има квадратна основа и од сите страни е заграден со камени ѕидови. Вториот дел има осумаголна основа и, со исклучок на основата, е сочинет од осум дрвени столбови покриени со кровот на камбанаријата.
Внатрешноста на црквата нема фрескоживопис. Иконостасот е изработен од дрво и на него има 20 икони распоредени во два реда, од кои во долниот ред има 7 поголеми, а во горниот ред 13 помали икони. Мали икони се поставени и во просторот пред иконостасот. На јужниот ѕид, од десната страна на иконостасот е сместен владичкиот стол.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Припратата
-
Натпис над влезната порта
-
Живопис на Светото Тројство над влезната порта
-
Внатрешноста на црквата
-
Камбанаријата на црквата
-
Припратата
-
Апсидата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.
- ↑ „Парохии при храм Света Богородица - Пробиштип“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2022-11-13. Посетено на 2022-12-01.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Троица“ - Трооло на Ризницата ?
- Информации за црквата Архивирано на 28 август 2016 г. — страница на Брегалничката епархија