Лешански манастир

манастир во селото Лешани

Лешански манастир (Манастир „Си Свети“) — средновековен манастир во областа Дебрца, сместен во селото Лешани.

Лешански манастир
Поглед на старата црква во Лешанскиот манастир, посветен на Сите Светители, единствен со такво име во Македонија
Информации
Целосно имеМанастир „Сите Светители“ - Лешани
Други имињаМанастир „Си Свети“ - Лешани
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1452
Посветен наСите Светители
ЕпархијаДебарско-кичевска
ЦрквиЦрква „Сите Светители“
Црква „Покров на Пресвета Богородица“
Личности
Основач (и)Никола Божикев
Место
Местос. Лешани, Општина Дебрца Македонија Македонија
Координати41°16′48″N 20°51′09″E / 41.28000° СГШ; 20.85250° ИГД / 41.28000; 20.85250
Видливи остатоци2 црква, конаци, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Белчишка парохија)

Старата црква на манастирот посветена на „Сите Светци“ потекнува од 1452 година, кога биле удрени нејзините темели на постара црква, која се претпоставува дека потекнува од IX век. Подоцна, била подигната и нова поголема црква посветена, исто така, на „Сите Светци“ веднаш до старата помала црква.

Лешанскиот манастир е единствениот манастирски комплекс посветен на „Сите Светители“ во Македонија, но и на Балканот.[1]

Местоположба

уреди

Манастирот се наоѓа во селото Лешани, во областа Дебрца, оддалечен 30-тина километри од градот Охрид. До манастирот води асфалтиран пат, на кој постојат уредно поставени патокази.[1]

Историја

уреди

Манастирот бил изградена во 1452 година со удирање на темелите на старата еднокорабна црква посветена на „Сите Светители“ на основа на средновековна базилика од IX век.

Во текот на XIX и XX век, кога имал активен монашки живот, манастирот бил добро одржуван, но по 1971 година, со починувањето на последната монахиња, започнал да пропаѓа и руинира.

Манастирот е тесно поврзан со историјата на Дебрца, па така за време на НОБ, во него се наоѓал штабот на партизанските единици и оттука се планирале ослободителните акции.

Монашки живот

уреди

Лешанскиот манастир претставувал женски манастир во текот на XIX и XX век, а сестринското сè до Втората светска војна броела и до 30 монахињи. По војната останала само сестрата Евдокија, која во 1971 година починала и е погребана во манастирот.

Градби во манастирот

уреди

Од манастирскиот комплекс до денес се сочувани: старата манастирска црква, заедно со рушевините и темелите на постарата средновековна црква, новата манастирска црква, новата камбанарија налик на црква, новоизградената црква „Покров на Пресвета Богородица“ и конаците.

Црква „Сите Светители“

уреди

Била изградена во 1452 година, кога е и живописана. Таа е мала еднокорабна, ѕидана од кршен камен и бигор. Живописот, што го има изведено непознат автор, се издвојува со својот колоритет, што ретко се среќава. Некои фрагменти покажуваат дека црквата е живописана и од надворешната страна. Авторот на живописот влегува во редот на талентираните зографи.

Црква „Покров на Пресвета Богородица“

уреди

Новоизградена црква во дворот на манастирот, чија изградба сè уште е во тек.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Казиовска, Соња (6 јуни 2015). „Луѓе бараат иљач од сите светии во манастирот над Лешани“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 15 септември 2016.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди