Конечки Езера
Конечки Езера (познати и како Конче 1 и Конче 3) — вештачки езера во Лакавичко, во југоисточниот дел на Македонија. Сместени се на 1 километар од селото Конче, административно седиште на истоимената општина, каде што и се наоѓаат самите езера. Зафаќаат вкупна површина од 45.716 м2, од кои поголемото зафаќа 24.412[1], а помалото 21.304 м2[2].
Конечки Езера | |
---|---|
Поглед на едно од двете Конечки Езера | |
Координати | 41°30′46″N 22°23′30″E / 41.51278° СГШ; 22.39167° ИГД |
Вид | вештачко |
Сливни земји | Македонија |
Површина | [1] и 21,304 м2[2] км2 | 24,412 м2
Најг. длабочина | 6 м[3] м |
Зафатнина | 20 мил. м3[3] км3 |
Надм. височина | 600 м[3] м |
Езерата служат за наводнување на околу 10 до 15 хектари обработливи површини, а целосниот капацитет на акумулирана вода во двете езера изнесува 20 милиони м3, додека мрежата за наводнување задоволува 90 хектари површина.[3]
Езерата се создадени од околни извори, а истекот се користи исклучиво за наводнување и водата понира.
Историја
уредиАкумулациите Конче 1 и Конче 3 се создадени во 1961 година во близина на истоименото село со основна намена за наводнување на земјоделските површини. Вкупната бруто-зафатнина на езерото изнесува 20 милиони м3, од кои корисната зафатнина изнесува 16 милиони м3. Максималната длабочина на езерата е 6 метри.[3]
Флора и фауна
уредиВо двете акумулации се сретнуваат зелената, синозелената и пирофитната алга. Во двете езера присутни се следниве видови на риба: крап, плашица, клен, црвеноперка, лињак, караш и кркушка.[3]
Во акумулацијата се сретнуваат и: ракови, жаби, водни желки и водни змии.[3]
Туризам
уредиВо текот на 2014 година, Општина Конче партерно ги уредила бреговите на езерата, со изградба на крајбрежни патеки, летниковци и средување на целата блиска околина.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Парцела бр. 919/7, Катастарска општина Конче“. Агенција за катастар на недвижности. Посетено на 21 мај 2016.
- ↑ 2,0 2,1 „Парцела бр. 919/3, Катастарска општина Конче“. Агенција за катастар на недвижности. Посетено на 21 мај 2016.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Костов, Васил (октомври 2015). „Риболовна основа за риболовна вода „Акумулации Конче 1 и Конче 3" за период 2017-2023 година“ (PDF). Институт за сточарство. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. стр. 1–16. Посетено на 21 мај 2016.
- ↑ „Партерно уредување на езерата Конче 1 и 3“. Општина Конче. 16 јуни 2014. Посетено на 21 мај 2016.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Конечки Езера на Ризницата ?