Слатино (Охридско)

село во Општина Дебрца, Охридско

Слатино — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.

Слатино

Поглед на селото Слатино, заедно со поранешното Слатинско Езеро

Слатино во рамките на Македонија
Слатино
Местоположба на Слатино во Македонија
Слатино на карта

Карта

Координати 41°20′53″N 20°51′59″E / 41.34806° СГШ; 20.86639° ИГД / 41.34806; 20.86639
Регион  Југозападен
Општина  Дебрца
Област Дебрца
Население 65 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19042
Надм. вис. 1090 м
Мреж. место Слатино
Слатино на општинската карта

Атарот на Слатино во рамките на општината
Слатино на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Дебрца, на источните падини на Илинска Планина. Во атарот на селото се наоѓа денес пресушеното вештачко Слатинско Езеро, кое своето име го добило од името на селото. Низ самото село тече и Слатинска Река, каде се влеваат и одливните води на Слатинското Езеро. Оддалечено е 35 километри од северно Охрид и Струга, а 39 километри јужно од Кичево.

Околни села се Белица и Прострање на исток и североисток, Мраморец на север, Оздолени, Слатински Чифлик и Издеглавје на југозапад и југ, и Арбиново на запад. Поедини места во атарот на селото се викаат Шаркои Ливатки, Длабоки Дол, Арамиско Кланче, Еленски Клајнец, Црбени Клајнци, Волчица, итн.[2]

Историја

уреди

Средновековие

уреди

Во атарот на селото има остатоци од населби почнувајќи од римското време. Денешното село Слатино е постојано населено од средниот век. Остатоците од оваа средновековна населба се сместени 700 м североисточно од селото, во месноста Селце.

Најстар пишан податок за жителите на селото е опширниот пописен дефтер на охридскиот санџак од 1582 година каде е наведено дека Слатино имало 327 жители, сите христијани.[3]

Слатино од крајот на XIX и почетокот на XX век

уреди

Не можејќи веќе да издржат под турското ропство, веќе од крајот на XIX век населението почнало да се организира, и да се бунтува против турското владеење, така во 80-тите години на XIX век во западниот дел на Македонија се кренала Брсјачка буна, во тоа востание имало и жители од Слатино. По остранувањето на Халил Рифат Паша, во Охрид и неколку охридски села во 1886 година се формирале тајни самобитни друштва за борба против разбојничките банди, од селото Слатино водач на тоа друштво бил Поп Анѓеле Попоски, кој е убиен од Турците на 1.11.1875 година. Во Дебрца првата чета на ВМРО била основана во 1901 година, а помеѓу основачите се нашол и Цветко Пајнчар од Слатино. Во истата година во Слатино се случил инцидент со Спасе Цветков кој насила грабнал некоја девојка од Слатино и ја силувал, братот на девојката отишол во Турје каде била четата и им го кажал случајот, веднаш потоа Смиле Војданов со четата заминал за Слатино да види што се случило. Спасе Цветков поради силувањето заслужил смрт, но бидејќи бил добар работник, охридското начелство наредило да се казни со ќотек. Дејан Војвода го осудил Спасе Цветков да плати три лири парична казна, и да му удрат 28 прачки ќотек. На 27 ноември 1901 година во охридско бил Никола Петров Русински кој бил организатор на чета, а во неговата чета од 31 востаник се нашле и 5 слатинци, тоа биле: Цветко Неделков- Пајнчар, Ѓурчин Петров Вељанов, Крсто Вељанов, Иван Ѓоргиев Савески и Ламбе Ѓоргиев Цветанов. По предаство кое го извршиле слатинките Ставрејца со нејзините ќерки Менка и Арсена, Дејан Војвода решил да бидат фатени и отепани предавничките, тоа и се случило и четите на Дејан ги отепале предавничките. За време на арбиновската битка кога била опколена четата на Дејан Војвода, во неговата чета биле и тројца слатинци, тоа биле Ѓурчин Петров, Дабе Христов и Иван Савески, во битката бил ранет Ѓурчин Петров. Неколку дена после оваа битка од цела Дебрца биле собрани 216 селани, и однесени биле во Дијарбекир, од Слатино тоа биле:

  • Умреле таму: Степан Бавтироски, Петре Црвенкоски, Мицко Савески, Секула Савески, Поте Латиноски, Глигор Томаноски, Поте Дрмоноски и Илија Смилески
  • Се вратиле: Димо Врангалоски, Рафајле Бавтироски, Ѓоргија Кочоски, Темелко Тужароски, Наум Црвенкоски, Поте Црвенкоски, Цветан Савески, Трајче Стојкоски, Петре Петрески, Стојан Србиноски и Цветан Крстески

Во текот на Илинденското востание илинденски комити од селото Слатино биле:

  • во четата на Дејан Димитров- Мицкоски: Дабе Кочоски- Христов, Ламбе Црвенкоски, Николе Јаколески, Иван Савески, Ѓурчин Петров-Вељанов и Цветко Пајнчар.
  • Во реонската чета: Вељан Каранџулоски, Ристе Андрески, Наум Пушкоски, Славко Ристаноски, Блаже Крстески, Стаме Цветкоски, Томе Томески, Јончо Ѓоршоски, Марко Маркоски и Русе Маркоски.
  • Во селските чети: Ѓоргија Попоски, Ристо Попоски, Ристе Тодороски, Видан Угриноски, Цветко Цветкоски, Трене Ратајкоски, Поте Пушкоски, Анѓеле Ѓоршоски, Саве Савески, Темелко Блажески, Спасе Митрески, Димо Врангалоски, Вељан Прке, Тасе Тужароски, Русе Јанески, Ристо Угриноски, Блаже Томаноски, Стојан Угриноски, Ристе Андрески, Крсте Вељаноски и Стеван Крстески.[4]

Слатино за време на војните, слатинци како српски и бугарски војници

уреди

Со поделбата на Македонија во 1913 година, Вардарска Македонија потпаднала под српска окупација, па со тоа слатинци биле насилно мобилизирани во српската војска. На Солунскиот фронт како српски војник учествувал Тренко Тутунароски, а покрај него тоа време како српски војници биле и: Климе Попоски, Наум Тодороски, Стојан Црвенкоски, Јордан Савески, Стеван Пантоски, Стојан Томаноски, Ристо Колоски и Зарко Смилекси. Освен овие насилно мобилизирани слатинци, како српски војници на Цер и други места низ Србија, загинале следните слатинци: Нестор Џафероски, Васил Попоски, Паун Тужароски, Ванчо Сучкоски, Миленко Ѓоршоски, Насте Ѓоршоски, Наум Вељаноски, Цветан Вељаноски, Дуко Петкуќески, Мојсо Блажески, Блаже Ѓоршоски, Ристо Колоски, Цветан Ристаноски и Јон Црвенкоски.

Во 1917/18 како српски и бугарски војници биле следните слатинци: Спасе Домазетоски (бил ранет кај Врање), Никола Мојсоски, Наум Ристаноски, Видан Угриноски, Марко Маркоски, Русе Маркоски- стариот, Темелко Ѓоршоски, Ѓоргија Стојкоски и Сиљан Колоски.[4]

Во XIX век, Слатино се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.

Во НОБ зеле учество 127 слатинци, од кои 7 загинале и 9 биле ранети. Во нивен спомен на влезот од селото е изграден импозантен споменик.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948957—    
19531.016+6.2%
1961948−6.7%
1971800−15.6%
1981547−31.6%
ГодинаНас.±%
1991218−60.1%
1994204−6.4%
2002161−21.1%
202165−59.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Слатино имало 960 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слатино имало 1.040 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слатино е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 135 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 950 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото Слатино живееле 161 жител, од кои 160 Македонци и 1 останат.[9] Бројот на жители е во постојано опаѓање и денес се проценува дека се движи околу 100 жители.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 65 жители, од кои 60 Македонци, 1 Албанец и 4 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 960 1.040 957 1.016 948 800 547 218 204 161 65
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

уреди

Слатино е македонско село.

Самоуправа и политика

уреди
 
Разрушената општинска зграда на сретсело

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото влегувало во рамките на тогашната Општина Издеглавје, во која покрај селото Слатино, се наоѓале и селата Издеглавје, Оздолени, Слатински Чифлик и Сошани. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Слатински Чифлик, во која влегувале селата Издеглавје, Оздолени, Слатино, Слатински Чифлик и Сошани.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачко место бр. 1324 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште с. Слатино.[16]

На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 126 гласачи.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 123 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Црквата „Св. Недела“, на која се наоѓаат и селските гробишта
Цркви[19][20]
  • Црква „Св. Богородица“ — средишна парохиска црква, без податоци кога е изградена. Иконите се дело на зографот и иконописецот Аврам Дичов и потекнуваат од 1908 година. Според натписот во поткуполниот простор, црквата е живописана во 1910 година.
  • Црква „Св. Недела“ — изградена во 1858 година. Фрескоживописана е од Аврам Дичов во 1875 година.
  • Црква „Св. Јован Крстител“ — манастирска црква, осветена на 26 мај 2002 година од страна на Митрополитот Тимотеј. Фреските се изработени од уметникот Драган Ристески од Охрид.
Манастири
Археолошки наоѓалишта
Езера
Реки

Личности

уреди
Родени во Слатино

Редовни настани

уреди

Иселеништво

уреди

Поради неговата местоположба, во Слатино било присутно печалбарството одамна. Печалбарите претежно заминувале напролет во Влашко, Србија и Бугарија, а се враќале наесен. Најголем печалбарски бран го зафатило селото од 1909 до 1912 година кога проработел прекуокеанскиот пат за Канада и Аргентина. Во овој бран заминале седумдесет слатинци. Вториот голем печалбарски бран е од 1960 до 1970 година и со помал интензитет трае до денес. Најголем дел од вториот бран се преселени во Австралија, каде се проценува дека има над 120 семејства со потекло од Слатино.

Постари иселеници од Слатино има во селата Прострање (Митковци, Ристевци и Џагановци), Карбуница (Жакеровци), Белчишта (Крчевци), Козица (Цветановци), Велмевци (Мирчевци), Цер (Размовци), Оровник (Митревци) и во Куратица (Андревци и Јанкуловци).

Според податоците од 1998 година, иселеници од Слатино има на следните места: Охрид (178 семејства), Скопје (80 семејства), Струга (6 семејства), Кичево (1 семејство), Прилеп (1 семејство), Битола (10 семејства), Велес (4 семејства), Куманово (2 семејства), Струмица (2 семејства), Белград (5 семејства), Горни Милановац (1 семејство), Загреб (1 семејство), Риека (1 семејство), Марибор (1 семејство) и Крагуевац (1 семејство).[4]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Русиќ, Бранислав. Дебрца-Слатино. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.
  3. 3,0 3,1 „СЛАТИНО - SLATINO - Дома“. Weebly. Посетено на 19 октомври 2016.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Костески, Миливој (1998). Слатино, Дебрца-охридско. Скопје.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 164-165.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 31.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 октомври 2016.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: САНУ.
  16. „избирачки места-Слатино“ (PDF). mojotizbor.mk. Посетено на 6 јануари 2019.
  17. „iVote ДЕМОКРА - Интегриран изборен информатички систем на Државна изборна комисија на Република Македонија“. referendum.sec.mk. Посетено на 2019-01-06.[мртва врска]
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. „Цркви“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2014-09-18. Посетено на 2010-12-19.
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. „Иницијативата за основање на организација во која ќе бидат вклучени стручните лица кои работат на полето на заштита и рехабилитација на лицата со пречки во развојот, била покрената во педесеттите години на XIX век“ (PDF). line feed character во |title= во положба 83 (help)
  22. „Literaturen zbor“. Literaturen zbor. Društvo za makedonski jazik i literatura (46). 1999.
  23. Republičkata zaednica na kulturata (1993). Sovremenost: literatura, umetnost, opštestveni prašanja (42. изд.). kn-vo "Kočo Racin".
  24. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  25. 25,0 25,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  26. 26,0 26,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  27. 27,0 27,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  28. {Наведена книга|title=Илинденски сведоштва. том IV, дел II.|author=Јасмина Дамјановска|author2=Ленина Жила|publisher=Државен архив на Република Македонија|author3=Филип Петровски |year=2017|isbn=|location= Скопје|pages=}}

Надворешни врски

уреди