Црква „Св. Илија“ - Владимирово
црква во селото Владимирово
Свети Илија — новоизградена селска црква во малешевското село Владимирово. Сместена е на полјана во крајниот источен дел од селото.
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Струмичка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°42′37.6″N 22°47′45.8″E / 41.710444° СГШ; 22.796056° ИГД |
Место | Владимирово |
Општина | Берово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Завршено | 2005 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена во 2005 година. Во неа се извршувале главните религиски обреди во периодот кога опожарената црква „Вознесение Христово“ се обновувала.[1]
Архитектура
уредиЦрквата претставува крсто-куполен храм. Куполата има осумаголна основа и е изградена од тули, а на секоја од страните има монофора. Покриена е со пирамидален кров над кој има крст. Црквата е изградена од тули и на нејзините ѕидови има повеќе ланцетни прозорци. Пред влезот на црквата и непосредно од десната страна има натстрешница.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „„Св. Илија“ го заменува „Св. Спас“ во Владимирово[мртва врска]“. Дневник. 27 ноември 2014.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Владимирово на Ризницата ?