ЖС „Рајко Жинзифов“
Железничка станица „Рајко Жинзифов“ (во минатото позната и како С'лп, по блиското истоимено село со тоа име) — железничка станица во Македонија, која се наоѓа на пругата Скопје - Велес, односно на меѓународниот железнички коридор 10 на линијата Скопје - Гевгелија - Солун.
ЖС „Рајко Жинзифов“ | |
---|---|
Поглед на железничката станица | |
Општи информации | |
Место | С’лп Општина Велес Македонија |
Сопственик | Македонски железници |
Линии | Скопје — Гевгелија |
Перони | 3 |
Претставува шеста станица и десетта постојка на овие пруги. Сместена е непосредно до десниот брег на реката Вардар во Таорската Клисура, веднаш наспроти автопатот „Александар Македонски“ (Е-75) Скопје - Велес, од каде што се пружа прекрасна панорамска глетка на целата железничка станица со околината. Нејзината оддалеченост од главната станица во Скопје изнесува 40,9 километри[1].
Железничката станица „Рајко Жинзифов“ поседува 3 електрифицирани колосеци и има патничка и товарна функција. Станичната зграда се одликува со убаво и традиционално архитектонско решение за железнички станици од минатиот век, а поседува затворена чекална за зимски и отворена и покриена чекална за летни услови. Главни патници на оваа станица се жителите на околните села С'лп, Сопот и Белештевица, кои патуваат за Велес или нивните роднини кои живеат таму или во Скопје, потоа рибари кои ловат риба во реката Вардар, планинари кои се искачуваат на планината Белештевица и излетници кои одат на првомајски или летни излети на велешкото Езеро Младост. Во непосредна близина на станичната зграда се наоѓа споменик - биста на македонскиот преродбеник Рајко Жинзифов во чија чест е крстена станицата и лековит извор на вода посветен на св. Недела. На железничката станица Рајко Жинзифов, сообраќаат и застануваат патничките возови кои одат за Велес, Гевгелија, Битола и Кочани.
Галерија
уреди- Помошни објекти
-
Помошен објект на самата железничка станица
-
Станбен објект на железничката станица
-
Куќа на железничката станица
- Железничката станица
-
Поглед на железничката станица од автопатот
-
Целосен поглед на железничката станица
-
Близок поглед на влезот на железничката станица
-
Поглед на натписот на станицата
-
Дел од главната градба
-
Поглед на станицата од автопатот
Наводи
уреди- ↑ „МЖ Инфраструктура - Објава на мрежи“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-27. Посетено на 2012-07-19.
Надворешни врски
уреди- ЖС „Рајко Жинзифов“ на Ризницата ?
- Профил за станицата Архивирано на 15 август 2017 г.