Основен суд Берово

суд во Берово, Македонија

Основен суд Берово — суд со основна надлежност сместен во градот Берово и го опфаќа подрачјето на општините Берово и Пехчево.[1]

Поглед на зградата на основниот суд во Берово

Судот во Берово ја извршува судската власт во прв степен во рамките на двете гореспоменати општини. Основниот суд во Берово одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините Берово и Пехчево.

Историја

уреди

Основниот суд во Берово, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.

Судот во Берово започнал со работа во мај 1945 година како Околиски суд за Беровската околија. Како таков работел до 1 мај 1952 година.

Во 1952 година било донесено решение со кое судовите во Берово и Делчево биле укинати и се создал еден суд со седиште во Пехчево. Ова решение важело до ноември 1952 година, кога повторно се обновил судот во Берово. Во 1955 година, со обновувањето на судот во Делчево, судот во Берово продолжил да работи само на териториите на општините Берово и Пехчево.

Внатрешна организација

уреди
 
Влезот на основниот суд во Берово

Основниот суд во Берово е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение. Судот е сместен во новоизградена зграда на „Кеј Младина“ во Берово.

Претседатели на судот

уреди

Од неговото основање во 1945 година, претседатели на ОС Берово биле следниве:

  • Сулејмани Сулејман
  • Асен Клетнички
  • Благој Скулов
  • Васил Каширски
  • Александар Соколовски
  • Данка Бубевска
  • Јован Чичаковски
  • Голубинка Козовска
  • Емилија Буриќ
  • Ленка Симевска

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.

Надворешни врски

уреди

41°42′24″N 22°51′17″E / 41.70667° СГШ; 22.85472° ИГД / 41.70667; 22.85472