Преспански крст
крст во селото Подмочани
Преспански крст — крст сместен на рид над селото Подмочани, во областа Преспа. Околу крстот се наоѓа уреден простор, а самиот крст всушност е само дел од поголем комплекс, во кој влегува и новоизградената црква „Св. Петар и Павле“ во Подмочани.
Крстот бил подигнат во 2000 година од страна на дарители, мештани и иселеници.[1]
Местоположба
уредиКрстот е подигнат на ридот Горица, што се наоѓа над селото Подмочани, од каде се пружа одличен поглед на Преспанската Котлина и на Преспанското Езеро.[1]
Градба
уредиПреспанскиот крст е висок 30 и широк 30 метри. Осветлен е со 14 рефлектори и се гледа од сите страни на Преспа.[1]
Изградбата на крстот, но и на целиот комплекс, чинела стотици илјади американски долари.[1]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „„Преспанскиот крст" во Подмочани“. Македонска нација. Посетено на 2019-02-16.
Надворешни врски
уреди- Преспански крст на Ризницата ?