Црква „Св. Илија“ - Добрево
Свети Илија — главна селска црква во селото Добрево.[1] Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото.
Свети Илија
| |
Поглед на црквата „Св. Илија“ во селото Добрево | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Трета пробиштипска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°01′23.1″N 22°11′53.4″E / 42.023083° СГШ; 22.198167° ИГД |
Место | Добрево |
Општина | Пробиштип |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Завршено | втора половина на XIX век |
Зограф | непознато |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во непосредна близина на селското училиште, до кои води пристапен асфалтен пат кој се двои од регионалниот пат 1309.
Историја
уредиВо некои извори се споменува дека црквата била изградена во втората половина на XIX век. Тоа е поткрепено и со фактот што иконите на дрвениот иконостас биле изработени во 1872 година.[2] Сепак, над влезната врата има натпис на којшто е испишана 1938 година. Не е познато кога и од кој архијереј била осветена, а не е познато ниту од кој иконописец биле изработени иконите. Црквата не е зографисана.[3]
Архитектура
уредиЦрквата претставува голема еднокорабна градба. На дрвениот иконостас има 29 икони.[2] Градбата е оградена со камена ограда којашто е покриена со ќерамиди. Над влезната порта од дворот на црквата има натпис на којшто ја пишува годината на нејзината изградба. Влезната порта се наоѓа на предната страна на дводелната камена камбанарија. Првиот дел има квадратна основа, додека вториот осумаголна. Со исклучок на основата којашто од сите страни е оградена, вториот дел се состои од осум столбови покриени со кров над којшто е поставен крст.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Поглед на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.
- ↑ 2,0 2,1 Шапкалиска, Теодора (1984). Лингвистички интерпретации. Скопје: Македонска книга. стр. 217.
- ↑ „Парохии при храм Света Богородица - Пробиштип“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2022-11-13. Посетено на 2022-11-13.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Добрево на Ризницата ?
- Информации за црквата Архивирано на 28 август 2016 г. — страница на Брегалничката епархија