Црква „Пресвета Богородица“ - Двориште

црква во селото Двориште

Пресвета Богородица — главна селска црква во малешевското село Двориште. Црквата се наоѓа на височинка која ѝ дава доминантна позиција над остатокот од селото.[1]

Пресвета Богородица

Поглед на црквата од нејзината јужна страна

македонска православна црква
Епархија Струмичка
Местоположба

Карта

Координати 41°35′32″N 22°55′03″E / 41.59222° СГШ; 22.91750° ИГД / 41.59222; 22.91750
Место Двориште
Општина Берово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено почеток на XX век
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Историја уреди

Црквата била изградена во почетокот на XX век од страна на доселеници од Рибница, Пиринска Македонија.[2]

Архитектура уреди

Градбата на црквата е трикорабна, со петострана апсида однадвор.[2] Таа во целост е обоена во бела боја и е покриена со ќерамиди. До внатрешноста на црквата води главниот влез од западната страна и спореден влез на јужната страна. На сите страни од црквата има повеќе прозорци. Иконите во црквата се изработени од локални зографи со средства од месното население.[2]

Камбанаријата има квадратна основа и се издига веднаш пред главниот влез од црквата. Таа се состои од четири дела, при што секој следен дел кон врвот има помала основа. На секоја од страните од вториот до четвртиот дел има по еден прозорец. Камбанаријата е изградена од тули и е покриена со лимен заоблен пирамидален кров. Во дворот на црквата има и трпезарија, која е сместена од левата страна на главниот влез од црквата. Во дворот на црквата има повеќе гробови и гробни споменици.

Еден од гробовите припаѓа на народниот херој Ацо Русковски, по кого е наречено и единственото средно училиште во градот Берово.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Илиевска-Арсова, Весна (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки!“ (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 44. Посетено на 27 јануари 2017.[мртва врска]

Надворешни врски уреди