Црква „Св. Јован Крстител“ - Древено
Свети Јован Крстител — главна селска црква во селото Древено.[1] Црквата е сместена во средишниот дел на селото.
Свети Јован Крстител
| |
Поглед на црквата „Св. Јован Крстител“ во селото Древено | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Злетовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°57′12.4″N 22°14′06.4″E / 41.953444° СГШ; 22.235111° ИГД |
Место | Древено |
Општина | Пробиштип |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Јован Крстител |
Завршено | по XVIII век |
Живопис | XVIII век |
Зограф | Дичо Зограф и непознати автори |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во непосредна близина на регионалниот пат 1309, на влезот од селото од насоката на Злетово.
Историја
уредиЦрквата била изградена по XVIII век, а иконите биле изработени во текот на XIX век од страна на Дичо Зограф и непознати автори. Не е познато кога и од кого била осветена.
Архитектура
уредиГрадбата е трикорабна и има правоаголна основа. Од западната и јужната страна е доградена припрата, којашто е пониска од градбата на црквата и е покриена со ќерамиди. Главниот влез се наоѓа од западната страна, додека од јужната страна има страничен влез. Над главниот влез има плоча на којашто е испишано името на црквата. На јужниот ѕид, веднаш над припратата има четири прозорци. Ѕидана е од кршен камен и малтер со полутркалезни сводови. Целата градба е обоена во бела боја и е покриена со ќерамиди. На кровот на црквата, веднаш над влезната црква, е поставен крст.
Камбанаријата е сместена зад црквата. Таа има квадратна основа и е изградена од камен. Во горниот дел е отворена од сите четири страни, каде што е сместено ѕвоното. Покриена е со лимен кров. Во дворот на црквата, непосредно од десната страна на камбанаријата е сместена трпезаријата. Дворот на црквата е обележан со камена ограда, којашто околу влезната порта е малтерисана и обоена во бела боја, како и покриена со ќерамиди.
Во внатрешноста на црквата нема фрескоживопис. Меѓу иконите на дрвениот иконостас има една мала икона на која било насликано Вознесението Христово. Не се знае кога оваа икона била изработена, но, врз основа на стилската анализа на Коста Балабанов, се претпоставува дека настанала при крајот на 18 век.
Галерија
уреди-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Објект до црквата во градба во 2022 г.
-
Натпис над влезната врата
-
Камбанаријата на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Јован Крстител“ - Древено на Ризницата ?
- Информации за црквата Архивирано на 28 август 2016 г. — страница на Брегалничката епархија