Црква „Св. Богородица Пречиста Ќелија“ - Велмеј
Света Богородица Пречиста - Ќелија — мала еднокорабна црква сместена надвор од селото Велмеј, во областа Дебрца.[1]
Богородица Пречиста Ќелија
| |
Поглед на црквата Богородица Ќелија | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Велмејска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°17′45″N 20°54′00″E / 41.29583° СГШ; 20.90000° ИГД |
Место | Велмеј |
Општина | Дебрца |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пресвета Богородица |
Изградба | XIV век |
Живопис | XVI век |
Ктитор | непознат |
Зограф | непознат |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Црквата е посветена на Воведувањето на Св. Богородица во храмот и веројатно потекнува од 14 век, додека фрескописот датира од последната четвртина на XVI век. Името „Ќелија“ упатува на тоа дека црквичката можеби служела како ќелијно училиште кон крајот на XVIII и во текот на XIX век, но поверојатно е дека таа била управувана од некој манастир и во неа немало секојдневна богослужба, туку се служело само за големите христијански празници.[2]
Од 1998 година, црквата е под заштита на државата како дел од македонското културно наследство.
Архитектура
уредиЦрквата е со едноставна градба, без украсни елементи, со влез од запад и има тристрано издадена апсида и покрив на две води со плочи од шкрилец. Прозорци има на источниот забат, на средина од апсидата и на јужната фасада. Над влезот има полукружна ниша за претстава на патронот на црквата. Техниката на градење видливо се разликува на долниот дел од градбата, со правилно редење камен, тула и малтер, а таквиот начин на градба е присутен делумно и на западната и јужната фасада, и тоа на висина од само еден метар. Надградбата на црквата била извршена со истиот материјал, но во погрува изведба. Долж страничните ѕидови се гледаат дрвени греди. Врз основа на градбата од долниот дел се претпоставува дека црквата датира од XIV век, а дека била обновена подоцна, за време на османлискиот период. Внатрешната структура на просторот е поставена како еднокорабен наос, со полуобличест свод и олтарски простор, со полукружна апсида и проскомидска ниша. Вдолж источниот ѕид се протега ѕидан испуст во висина од 70 см. Во жртвеникот има две длабоки ниши.[2]
Фрескоживопис
уредиОсновната одлика на ѕидното сликарство во црквата е приспособеноста кон архитектурата и кон сакралната функција на внатрешниот простор, со распоредување на темите во согласност со хиерархиските начела на „светата вертикала и хоризонтала“, вообичаено присутни во православните цркви од византиската културна традиција. Распоредувањето е прегледно во хоризонтални зони, а композициите се раздвоени со црвени бордури. Заднината е претежно комбинација од две до четири хоризонтали, обоени со темносино, зелено, окер и „испрскана“ боја. Ореолите се окер, со двојна кружница, потенка кафена и подебела бела боја од надворешната страна. Зоната со медалјони се протега само на страничните ѕидови и се состои од 14 кругови, исполнети со црвена и белузлавосина боја, споени со преплет во кој понекаде е насликан цвет. Цоклето на црквата е прекриено со имитација на завеса - подеа, бела со окер, украсена со црвени и црни геометриски мотиви. Во внатрешноста на црквата има малку самостојни орнаменти - во длабочината на прозорците е во вид на дијагонално поделено поле исполнето со брановидни црвени и црни линии; врз јужниот прозорец е во вид на куса лента од ромбоиди со стилизиран цвет; во внатрешноста на фасадната ниша има цели палмети, а полупалмета е дискретно насликана како орнамент на текстилот во композициите. Сликарската техника е фреско (нанесување пигмент врз влажна подлога), а натписите-легенди најверојатно се напишани врз сува подлога и сите се на црковногрчки јазик.[2]
Притоа, во црквата се прикажани следниве композиции и ликови: четирите видови во кои се јавува Исус Христос, четирите евангелисти (Матеј, Марко, Лука и Јован), старозаветните пророци, Вознесението Христово, Богородица со Христос градите, мртвиот Христос, архангелите Михаил и Гаврил, големите светители - св. Василиј Велики, св. Јован Златоуст, св. Григориј Богослов, св. Атанасиј и св. Никола, десет сцени (зачувани се само седум) од најважните настани во животот на Христос (Благовештението, Христовото раѓање, Сретението, Крштевањето, Воскресението на Лазар, Христовото Вознесение и Успението на Богородица), ликови на бројни светци и маченици итн.[2] Притоа, судејќи според стилот, се претпоставува дека фрескописот е дело на само еден мајстор (со соработник), веројатно од редот на зографите кои потекнувале од околината на Охрид и Костур.[2]
- Дел од живописот
-
Горниот дел од живописот во црквата
-
Живописот над влезната врата
-
Дел од северниот дел на живописот
-
Дел од јужниот дел на живописот
- Поединечни фрески
-
Св. Риза од Вознесението
-
Богородица Поширока од небесата (Богородица Ширшаја Небеса)
-
Раѓањето Христово
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Влезот на црквата
-
Задниот дел на црквата
Поврзано
уреди- Велмеј
- Велмејска парохија
- Црква „Св. Никола“ — главна селска и гробјанска црква;
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — се наоѓа на североисточниот дел од селото, на едно возвишение;
- Црква „Вознесение Христово“ — најновата селска црква. Градена во периодот 2001-2014;
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Св. Богородица Пречиста Ќелија“ - Велмеј на Ризницата ?