ФК Стење
ФК Стење — македонски фудбалски клуб од истоименото село, Општина Ресен. Клубот е создаден во 1971/72 година, под името „Граничар“, бидејќи во непосредна близина се наоѓа граничниот премин „Стење“ кон Албанија.
Фудбалскиот клуб „Стење“ во 2005 година направил измена на своето име и се соединил со фудбалскиот клуб „Братство“. Но, фудбалскиот клуб „Стење-Братство“ во 2009 година го вратил своето старо име ФК „Стење“ со нов претседател и управен одбор. Фудбалскиот клуб „Стење“ во 2009/10 година настапувал во Општинската фудбалска лига во Ресен.
Оваа статија од областа на спортот е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |