Црква „Св. Никола“ - Бабино
Свети Никола — главна селска црква во селото Бабино. Црквата се наоѓа на неколку стотини метри по селото, од десната страна на патот кој води кон селото Базерник, на возвишение коешто се издига над селото.
Свети Никола
| |
Поглед на црквата заедно со камбанаријата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Крушевско-демирхисарско |
Парохија | Сопотничка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°17′52″N 21°04′19″E / 41.29778° СГШ; 21.07194° ИГД |
Место | Бабино |
Општина | Демир Хисар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1858 |
Завршено | 1858 |
Осветување | 1858 |
Живопис | 1888 |
Зограф | Јосиф и Јаков Радевич |
Архитектонски опис |
Околу црквата се наоѓаат и самите селски гробишта, кои се сместени на мала површина и има гробови дури и до самата црква. Низ самите гробишта и дворот на црквата тече мал поток.
Историја
уредиЦрквата била подигната и осветена во 1858 година, што може да се забележи и од натписот над влезниот портал на западната фасада.[1]
Била насликана триесет години по нејзината изградба,[1] нешто што се забележува од ктиторскиот натпис над западната врата, во кој е запишано дека фрескоживописот бил завршен на 11 јуни 1888 година. Камбанаријата на црквата била изградена во 1922 година.
Во текот на 2014 година, од црквата се украдени 18 икони, мал сребрен крст и пари.[2]
Архитектура
уредиКамбанаријата на црквата има шестаголна основа.
Галерија
уреди-
Гробови во црковниот двор
-
Згуснат распоред на селските гробишта
-
Поглед на гробиштата, заедно со руиниран помошен објект
-
Гробиштата и малиот поток низ нив
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Митревски, Никола. „Претставите на сесловенските првоучители Св. Кирил и Методиј во живописот од XIX век во Пелагонија, Мариово и Демирхисарско“ (PDF). Институт за старословенска култура. Прилеп. Посетено на 26 јули 2016.
- ↑ „Украдени 18 икони од црква во Бабино“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. 8 април 2014. Посетено на 26 јули 2016.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Бабино на Ризницата ?