Црква „Св. Петка“ - Жван
Света Петка — гробјанска црква во селото Жван. Црквата се наоѓа на височинка којашто доминира над делото од селото покрај левата страна од патот кој води кон Демир Хисар, на неколку стотини метри од црквата „Св. Димитрија“.
Света Петка
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Крушевско-демирхисарско |
Парохија | Сопотничка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°17′42″N 21°06′54″E / 41.29500° СГШ; 21.11500° ИГД |
Место | Жван |
Општина | Демир Хисар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Изградба | XVII век |
Архитектонски опис |
Историја
уредиВо врска со точното време на изградба на црквата нема веродостојни податоци, но од архитектурата на градбата и сочуваниот фрескоживопис може да се претпостави дека била изградена во првата половина на XVII век.[1]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е еднокорабна со издолжена правоаголна основа, која на источната страна завршува со висока тристрана апсида. При изградбата на црквата, на западната страна е подигната и припрата, која денес е составен дел на црквата.[2]
Внатрешниот простор на црквата е засводен со полуобличест издолжен свод кој лежи на два пара лакови носени од пиластри, при што наосот се дели на два дорати. Олтарскиот простор е тесен и од наосот е одделен со дрвен иконостас од поново време. Главната апсида е нагласена, а улогата на олтарскиот простор ја врши една плитка ниша втопена во масивниот источен ѕид, која во горниот дел завршува лачно.[1]
Во храмот се влегувало преку мала врата на западниот ѕид на припратата. Целата градба е покриена со кров на две нивоа со ќерамиди.[1]
Галерија
уреди-
Селските гробишта
-
Камбанаријата на црквата
-
Влезната врата на црквата
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Св. Петка“ - Жван на Ризницата ?