Црква „Св. Јован Крстител“ - Слатино
црква во селото Слатино
Свети Јован Крстител (понекогаш нарекува Свети Јован Бигорски) — манастирска црква во селото Слатино, сместена во близина на некогашното Слатинско Езеро.
Свети Јован Крстител
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Слатинска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°21′10″N 20°51′10″E / 41.35278° СГШ; 20.85278° ИГД |
Место | Слатино (Охридско) |
Општина | Дебрца |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Јован Крстител |
Осветување | 26 мај 2002 година[1] |
Архитектонски опис |
Изградена е врз темели на многу постара истоимена црква од раниот среден век.[2] Осветена е на 26 мај 2002 година од страна на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј. Фреските се изработени од уметникот Драган Ристески од Охрид.[1]
Света икона
уредиСветата икона на Свети Јован Крстител од познатиот Бигорски манастир едно време била сместена во оваа црква на Слатинскиот манастир, поради што и самата манастирска црква понекогаш се нарекува и „Св. Јован Бигорски“. Иконата била вратена на Бигорскиот манастир во времето на неговото возобновување во 1743 година.[3]
Галерија
уреди-
Целосен поглед на црквата
-
Икона на влезот во црквата
-
Даб во дворот на црквата
-
Камбанаријата при влезот на црквата
-
Помошен објект на манастирот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. Скопје: Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 21 октомври 2016.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 277. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Бигорски манастир - рај за очите, мир за душата“. Скопје: МИА. 8 јануари 2013. Посетено на 21 октомври 2016.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Јован Крстител“ - Слатино на Ризницата ?