Црква „Св. Архангел Михаил“ - Арвати

црква во селото Арвати

Свети Архангел Михаил (локално позната како Свети Арангел) — главна селска црква во селото Арвати, Општина Ресен, Македонија.[1]

Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба

Карта

Координати 40°56′35″N 21°06′52″E / 40.94306° СГШ; 21.11444° ИГД / 40.94306; 21.11444
Место Арвати
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна градба

Се наоѓа на сретсело, на левиот брег на реката Шара. Во кругот на црквата се наоѓаат и денешните селски гробишта.[2]

Се претпоставува дека е стара и дека некогаш била манастирска.[2]

Легенда

уреди

Се пренесува сеќавање дека црквата некогаш била во склоп на поголем манастир, во кој живееле монаси и имале своја воденица. Меѓутоа, Турците намислиле да ги истераат монасите и да им ја земат воденицата. За таа цел, пуштиле вест дека монасите одржуваат врска со некоја неморална жена. Монасите не можејќи таквите оговарања да ги издржат, го напуштиле дотогашното место на живеење и ја оставиле воденицата. Се населиле на денешната месност „Мала Калуѓерица“ (калуѓерите со понизок чин) и на „Голема Калуѓерица“ (калуѓерите со повисок чин).[2]

Градба

уреди
 
Поглед на црквата, заедно со дел од селските гробишта

Храмот е сместен во кругот на православните селски гробишта, во кој се влегува низ црковната порта, врз која се издигнува старата камбанарија. Не постои податок за времето на изградбата на храмот. Тој претставува трикорабна градба, на кој во поново време му се обновени носечките столбови и горниот конструктивен систем.[3]

Според својот надворешен изглед наликува на градбите какви се граделе во третата и четвртата деценија на XX век, односно во периодот помеѓу двете светски војни. На исток се наоѓа седумстраната апсида, а на јужната и северната фасада покрај влезовите во наосот, ѕидната површина ја разбиваат по два реда од по четири прозорци. Како главен влез во храмот се наметнува оној од западната страна, а со неодамнешните обнови над е прилепена новата камбанарија на три ката.

Фрескоживопис

уреди

На внатрешните ѕидови нема траги од ѕидно сликарство со оглед на фактот што сите површини се премалтерисани.[3]

Иконостас

уреди

Олтарната преграда е составена од два реда на икони. Според испишаните години врз поодделните икони тие се работени во периодот од 1929 до 1937 година.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 38–39. ISBN 9789989920554. Посетено на 8 декември 2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 8 декември 2016.

Надворешни врски

уреди