Црква „Св. Никола“ - Сопотница
Свети Никола — главна селска и гробјанска црква во селото Сопотница. Црквата се наоѓа во северниот дел од селото, непосредна на десната страна од патот кој води кон Сопотничкиот манастир.
Свети Никола
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Крушевско-демирхисарско |
Парохија | Сопотничка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°17′59″N 21°09′09″E / 41.29972° СГШ; 21.15250° ИГД |
Место | Сопотница |
Општина | Демир Хисар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Архитектонски опис |
Воедно, црквата е и парохиска црква на Сопотничката парохија.
Историја
уредиВо периодот од 30 април до 5 мај 2012 година, од црквата се украдени крст и пари.[1]
Архитектура
уредиГрадбата има правоаголна основа со мало издолжување кон југ во крајниот западен дел. Во задниот дел на црквата свртен кон исток е сместена апсидата. Покрај главниот влез, во црквата може да се влезе и преку влезната врата на издолжувањето кон југ, над којашто е насликан крст и е запишано името на црквата. Градбата е обоена во бела боја и е покриена со кров на две нивоа со ќерамиди. Камбанаријата на црквата е сместена спроти издолжувањето кон југ. Таа има квадратна основа на три нивоа, при што основата незначително се стеснува по нејзината висина. Во нејзиниот горен дел, на секоја од четирите страни има отвори со правоаголен облик.
Галерија
уреди-
Влезната порта кон дворот на црквата
-
Поглед кон црквата
-
Камбанаријата на црквата
-
Панорамски поглед на црквата и селските гробишта со дел од селото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ограбени две цркви - сторителите избегале[мртва врска]“, Вечер, 6 мај 2012.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Сопотница на Ризницата ?