Црква „Св. Атанасиј“ - Сулдурци
Свети Атансиј — црква која се наоѓа во селото Сулдурци, во близината на Радовиш.
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата „Св. Атанасиј“ над селото Сулдурци | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Радовишко |
Парохија | Ораовичко-воиславска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°34′57″N 22°29′8.88″E / 41.58250° СГШ; 22.4858000° ИГД |
Место | Сулдурци |
Општина | Радовиш |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј |
Изградба | 1841 |
Архитектонски опис |
Сместена е на врвот на ридот веднаш над последните куќи од селото, самите мештани ја нарекуваат манастирче. Според натписот на ѕидот веднаш десно влезната врата црквата е изградена во 1841 година. Таа претставува стариот црковен храм на Сулдурци, кое во минатото се наоѓало погоре во неговата близина, заради што и денес тоа како селска слава го задржало празнувањето на нејзиниот светец-патрон Свети Атанасиј, иако во самото село има новоизградена поголема црква посветена на Свети Илија. Во моментот на црквата се изведуваат градежни зафати за нејзина обнова, при што се поставени нови армирани бетонски столбови и покрив. Секоја година на 15 мај се одржува селската слава „Св. Атанасиј - летен“ која се прославува со црковно-народен собор околу манастирчето за што се изградени покриена трпезарија и помошни обејтки.
Галерија
уреди-
Влезната врата на црквата, со натписот 1841 г. кој ја означува годината на изградбата
-
Покриената трпезарија со маси за ручавање, за селската слава и црковно-народниот собор
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Сулдурци на Ризницата ?