Црква „Св. Атанасиј“ - Штрбово
Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Штрбово, Општина Ресен, Македонија.[1]
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Ресенско |
Парохија | Подмочанско-љубојнска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°56′03″N 21°07′15″E / 40.93417° СГШ; 21.12083° ИГД |
Место | Штрбово |
Општина | Ресен |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј |
Изградба | 1930 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна градба |
Се наоѓа источно од положбата на Штрбово (Горно Село). Била изградена во 1930 година од кршен камен и вар, на место на поранешна црква. Во дворот на црквата постојат стари селски гробишта.[2]
Положба
уредиЦрквата е сместена на една доминантна височинка, источно од просторот на некогашната положба на старото село Штрбово. До црквата, денес може да се стигне преку асфалтен пат.[3]
Градба
уредиЦрквата претставува еднокорабна градба со мала полукружна апсида на источната страда и дограден затворен трем крај јужната фасада. Во рамките на црковниот двор се наоѓаат и новоизградени помошни простории, источно од црквата, како и камбанаријата на запад. Не се сочувани никакви пишани податоци за времето изградба на храмот, меѓутоа се претпоставува дека била изградена во 1930 година.[3]
Црква била изградена од некојси Трпо.[2]
Фрескоживопис
уредиВо внатрешноста нема сочувано ѕидно сликарство.[3]
Иконостас
уредиЦрквата има иконостас, кои се претпоставува дека потекнуваат од XIX век.[3] Иконостасот го направил мајстор Роман од Дебарско.[2]
Галерија
уреди-
Црквата погледната од другиот рид заедно со нејзината ограда
-
Апсидата на црквата
-
Камбанаријата на црквата, заедно со поглед кон Големото Преспанско Езеро
-
Поглед на црквата од ридот на кој се наоѓа соседната црква „Св. Димитриј“
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 324. ISBN 9789989920554. Посетено на 11 декември 2016.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 11 декември 2016.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Штрбово на Ризницата ?