Трета пробиштипска парохија

парохија на МПЦ-ОА

Трета пробиштипска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Штипското архијерејско намесништво на Брегалничката епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Илија“ во селото Добрево. Парохијата ги опфаќа селата: Добрево, Марчино, Гајранци, Гризилевци, Трооло, Лезово и Кундино кои имаат цркви и селата Неокази, Бучиште, Пестришино и Пишица, кои сѐ уште немаат храмови.[1]

Црквата „Св. Илија“ во Добрево е парохиско седиште

Цркви

уреди

Ова е список на црквите во парохијата. Можно е списокот да е нецелосен.

име населено место изградена слика
Црква „Св. Илија“ Добрево 1938  
Црква „Св. Илија“ Марчино 1812  
Црква „Св. Никола“ Гајранци 1952
Црква „Св. Илија“ Гризилевци  
Црква „Св. Троица“ Трооло 1901  
Црква „Св. Никола“ Лезово 1901  
Црква „Св. Јован Опсечен“ Кундино  

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Втора пробиштипска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2021-01-21. Посетено на 2021-01-27.

Надворешни врски

уреди

42°01′22.7″N 22°11′53.1″E / 42.022972° СГШ; 22.198083° ИГД / 42.022972; 22.198083