Црква „Св. Троица“ - Ратавица
Света Троица — главна селска црква во селото Ратавица.[1] Црквата е сместена во северниот дел од селото, во непосредна близина на подрачното училиште „Браќа Миладиновци“.
Света Троица
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Злетовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°58′07.4″N 22°13′04.3″E / 41.968722° СГШ; 22.217861° ИГД |
Место | Ратавица |
Општина | Пробиштип |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свето Тројство |
Завршено | 2015 |
Осветување | 3 мај 2015 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиКамен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 13 мај 2010 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.[2] Изградбата била завршила во 2015 година, а црквата била осветена на 3 мај 2015 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион по повод 70 години од одржувањето на првиот црковен народен собор во Скопје во март 1945 година.[3]
Архитектура
уредиГрадбата има правоаголна основа, со апсида во задниот дел, и претставува крсто-куполен храм со осумаголна купола. Пред влезот на црквата има натстрешница со триаголен кров која е поддржана од два јонски столба. На предниот дел од натстрешницата има дрвена основа на којашто се наоѓа дрвен крст. Ѕидовите на црквата и столбовите на натстрешницата се обоени во жолта боја, додека јонските капители се бели. Градбата и натстрешницата се покриени со кров од ќерамиди, додека куполата е покриена со метален кров. Над влезната врата има живопис на полукружна основа кој го отсликува Светото Тројство. Внатрешноста на црквата целосно е живописана. Црквата нема камбанарија, но истата е во изградба во непосредна близина на градбата, од левата страна на главниот влез.
Галерија
уреди-
Натстрешницата со влезната порта од црквата
-
Живопис кој го отсликува Светото Тројство над влезната порта
-
Внатрешноста на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 29. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Спасовден - преосветување на црква во с. Полаки и поставување камен темелник за изградба на нова црква во с. Ратавица - Злетово Архивирано на 9 јуни 2020 г., страница на Брегалничката епархија.
- ↑ Осветување на црква во с. Ратавица - Злетово Архивирано на 30 септември 2020 г., страница на Брегалничката епархија.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Троица“ - Ратавица на Ризницата ?