Црква „Св. Архангел Михаил“ - Долно Дупени

црква во Долно Дупени

Свети Архангел Михаил — главна селска црква во селото Долно Дупени, Општина Ресен, Македонија.[1]

Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба

Карта

Координати 40°52′32.4″N 21°08′23.6″E / 40.875667° СГШ; 21.139889° ИГД / 40.875667; 21.139889
Место Долно Дупени
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Изградба 1883
Живопис 1894
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна градба

Се наоѓа во источниот дел на селото. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.[2]

Се претпоставува дека потекнува од крајот на X или почетокот на XI, обновена во 1883 година на стари темели.[2]

Црквата е посветена на споменот на чудата на Св. Архангел Михаил. Прославувањето на овој празник, кое се случува на 19 септември, претставува истовремено и селска слава.[3]

Градба

уреди

Храмот претставува еднокорабна градба со полукружна апсида и влез од јужната страна. Според податоците црквата е изградена на старо култно место во 1883 година. Во поново време сите надворешни ѕидови се измалтерисани, а врз западната и делумно северната фасада се прилепени неколку помошни простории.[3]

Фрескоживопис

уреди

Во внатрешноста на црквата, ѕидно сликарство има само зад владичиниот престол во средишниот дел, а во олтарниот простор во нишата од жртвеникот и главната апсидна конха. Тоа потекнува од 1894 година, односно од периодот кога населбата полека од положбата на некогашното Горно Село постепено се префрла на денешната местоположба.[3]

Иконостас

уреди

Олтарната преграда е со два реда на икони изработени од истиот мајстор што го работел ѕидното сликарство. Според испишаните години и тие потекнуваат, заедно со изработката на целиот иконостас во 1894 година.[3]

Поврзано

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 203. ISBN 9789989920554. Посетено на 8 декември 2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 8 декември 2016.

Надворешни врски

уреди