Црква „Св. Атанасиј“ - Мачево
Свети Атанасиј (позната и само како Свети Атанас) — главна селска црква во малешевското село Мачево. Црквата е сместена во југозападниот дел од селото, од леваата страна на патот кој води кон мост на реката Брегалница. Во нејзина непосредна близина, од спротивната страна на патот се сместени селските гробишта.
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Струмичка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°45′00″N 22°48′06″E / 41.75000° СГШ; 22.80167° ИГД |
Место | Мачево |
Општина | Берово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј |
Завршено | 1932 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Историја
уредиСпоред натписот над влезната врата, црквата е изградена во 1932 година на местото на постара црква.[1]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е еднокорабна и има правоаголна основа, со петострана апсида во задниот дел. Целата градба е малтерисана и е обоена во бела боја. Над влезната врата се испишани годините 1932, кога црквата најверојатно била изградена, и 1952. Иконите во црквата се изработени од локални зографи и се подарок од месното население.[1]
Камбанаријата на црквата се издига од кровот над влезната врата. На нејзината предна страна е испишан датумот 8 октомври 1975 година. Од левата страна на црквата се наоѓа трпезаријата.
Галерија
уреди-
Селските гробишта
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Илиевска-Арсова, Весна (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки!“ (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 36. Посетено на 19 јануари 2017.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Мачево на Ризницата ?