Црква „Св. Петка“ - Русиново

црква во селото Русиново

Света Петка — главна селска црква во малешевското село Русиново.[1] Црквата е сместена надвор од селото, десно од локалниот пат, кој води до соседното село Владимирово.[2] Покрај нејзе наоѓаат и селските гробишта.

Света Петка

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Струмичка
Местоположба

Карта

Координати 41°41′24.59″N 22°48′19.27″E / 41.6901639° СГШ; 22.8053528° ИГД / 41.6901639; 22.8053528
Место Русиново
Општина Берово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Изградба XIX век
Архитектонски опис

Црквата била изградена во првата половина на 19 век. Богата е со икони и записи кои се однесуваат на различни временски периоди.[2]

Градба

уреди

Првобитната црква била мала по димензии, а подоцна била проширувана од западната и јужната страна за потребите на верниците.

Фрескоживопис

уреди

Остатоци од фрескопис на ѕидовите се зачувани само во средишниот дел на средишниот кораб. Најголем дел од иконите се изработени од познатиот беровски зограф, Гаврил Атанасов, а дел се изработени од непознат зограф. Сите икони се реставрирани во 2000 година, а подоцна е реставриран и дрвениот дел од иконостасот.[3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 „Берово“. Берово. Архивирано од изворникот на 2016-05-13. Посетено на 17 април 2017. Text "Посетете го Берово" ignored (help)
  3. Илиевска-Арсова, Весна (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки!“ (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 43. Посетено на 17 април 2017.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди