Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Обедник

црква во селото Обедник

Успение на Пресвета Богородица (позната и како: Света Богородица) — главна селска црква во демирхисарското село Обедник, сместена пред влезот во селото.[1]

Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Крушевско-демирхисарска
Парохија Демирхисарска
Местоположба

Карта

Координати 41°09′55″N 21°09′59″E / 41.16528° СГШ; 21.16639° ИГД / 41.16528; 21.16639
Место Обедник
Општина Демир Хисар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Изградба 1956
Архитектонски опис

Местоположба уреди

Црквата се наоѓа на неколку стотина метри пред влезот на селото, непосредно на десната страна од патот. Околу црквата се наоѓаат и самите селски гробишта.

Историја уреди

Црквата била изградена во 1956 година на стари темели.[2]

Архитектура уреди

Храмот претставува еднокорабна градба, а покривот е на две води од ќерамиди. Има полукружна апсида. Била градена со кршен камен и тули во горниот дел под венецот, а фасадите се фугирани.[2]

Подот во внатрешноста на црквата е од бетон. На западната страна се протега трем.[2]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 60. ISBN 978-608-65616-4-2.

Надворешни врски уреди