Црква „Св. Богородица“ - Растојца
Свети Богородица — главна селска црква во близина на селото Растојца. Црквата се наоѓа на неколку стотина метри од селото, на десната страна од патот кој води кон селото Прибилци.
Света Богородица
| |
Поглед на камбанаријата со влезот во црквата во селото Растојца | |
македонска православна црква | |
Епархија | Крушевско-демирхисарска |
Парохија | Сопотничка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°19′31″N 21°11′32″E / 41.32528° СГШ; 21.19222° ИГД |
Место | Растојца |
Општина | Демир Хисар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Осветување | околу 1874 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била осветена некаде околу 1874 година.[1]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа. Изградена е од камен и е покриена со ќерамиди на две нивоа. Оградена е со камена ограда, којашто е покриена со ќерамиди. Камбанаријата се наоѓа непосредно од левата страна на влезот во дворот од црквата. Таа има шестаголна основа и е поделена во два дела. Првиот дел е изработен од камен и завршува до околу две третини од висината на камбанаријата. На некои од страните во овој дел има квадратни отвори. Вториот дел има помала основа и е изработен од дрво. Тој се состои од шест дрвени столбови, кои во долниот дел се оградени со дрвена ограда и над кои се простира кровот во пирамидален облик.
Галерија
уреди-
Селските гробишта во дворот на црквата
-
Апсидата на црквата
-
Поглед на црквата
-
Камбанаријата на црквата
-
Црквата со камбанаријата
-
Влезната врата во црквата
-
Стариот даб
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Црква „Св. Богородица“ - Растојца на Ризницата ?