Црква „Св. Илија“ - Бунеш
Свети Илија — главна селска црква во селото Бунеш.[1] Црквата се наоѓа на влезот од селото, на левата страна од патот.
Свети Илија
| |
Поглед на црквата „Св. Илија“ во селото Бунеш | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Злетовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°57′12.4″N 22°14′06.4″E / 41.953444° СГШ; 22.235111° ИГД |
Место | Бунеш |
Општина | Пробиштип |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Завршено | околу 1885 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиСпоред натписот над влезната порта, може да се заклучи дека црквата била изградена некаде околу 1885 година.
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа, со полукружна апсида во задниот дел. Изградена е од камен и тули, а целата градба е покриена со кров од ќерамиди. Над дрвената влезна врата има стар натпис на камен во кој се споменува името на ктиторот и годината на изградба. Од левата страна на црквата е прилепена пониска градба, во којашто е сместена трпезаријата. Дворот на црквата е ограден со камена ограда, при што од аголот веднаш од десната страна на влезната порта се издига камбанаријата. Нејзината основа е квадратна, од страните е отворена, додека од предната и задната страна е оградена со каемената ограда на црквата односно камен бедем изграден во дворот на црквата. Камбанаријата е покриена со пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија
уреди-
Влезната врата на црквата
-
Натпис над влезната врата
-
Камбанаријата на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Бунеш на Ризницата ?
- Информации за црквата Архивирано на 28 август 2016 г. — страница на Брегалничката епархија