Црква „Св. Никола“ - Брајчино
Свети Никола — главна селска црква во селото Брајчино, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа во западниот дел на селото. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.[1]
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Ресенско |
Парохија | Подмочанско-љубојнска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°54′11″N 21°09′12″E / 40.90306° СГШ; 21.15333° ИГД |
Место | Брајчино |
Општина | Ресен |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1871 |
Завршено | 1872 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Црквата била изградена во 1871/72 година и судејќи по сè, на место на постара црква.[1]
Градба
уредиЦрквата „Св. Никола“ се наоѓа во северозападниот дел на самото село, до кој се стигнува по тесните асфалтирани улични, опкружени со камени ѕидови и стара селска архитектура на селото Брајчино.[2] Црквата се наоѓа во кругот на селските гробишта и претставува трикорабна градба со полукружна апсида, врз која се поставени седум плитки и лачно засведени ниши. Крај јужната и западната фасада, прилепени се затворените тремови и помошните простории.[2]
Црквата била изградена во 1871/72 година, што можеме да го дознаеме од натписот во нишата над влезот. Внатрешноста на црквата е надолжно поделена на три делови со два реда од по пет столбови. Нартексот на западниот дел од внатрешноста е одвоен со преграда и е подигнат со три скали повисоко од нивото на наосот. Над нартексот е направена галеријата на кат.[2]
Фрескоживопис
уредиВрз ѕидните површини на наосот и нартексот не се сочувало ѕидно сликарство.[2]
Живопис постои само во апсидата и во жртвеникот. Во конхата од апсидата насликана е „Св. Богородица со Христос“ на горниот дел и фигурите на архијереите „Св. Јован Златоуст“, „Св. Василиј Велики“, „Св. Никола“, „Св. Атанасиј“, „Св. Григориј“ и „Св. Спиридон“ во долната зона.[2]
Иконостас
уредиИконостасот е составен од три реда на икони, царски двери и врати на јужниот и северниот дел на преградата. Иконите од иконостасот се работени во 1875 и 1889 година. Според сликарските натписи, постарите икони се дела на Апостол Стеријев од селото Пласје, а оние од 1889 година на зографот Атанас Димитри од селото Негован, Леринско.[2]
Галерија
уреди- Надворешност
-
Селските гробишта
-
Натписот за изградбата на црквата над влезот
-
Тремот на црквата
-
Влезната врата на црквата
- Внатрешност
-
Иконостасот на црквата
-
Ктиторскиот стол на црквата
-
Крстот над иконостасот
-
Целосен поглед на црквата
-
Поглед на фреска на таванот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 60. ISBN 9789989920554. Посетено на 22 ноември 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 22 ноември 2016.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Брајчино на Ризницата ?