Слатински манастир
манастир во селото Слатино
Слатински манастир — новоизграден манастир во близина на селото Слатино, во областа Дебрца. Манастирот е подигнат во непосредна близина на некогашното Слатинско Езеро.
Поглед на новоизградената манастирска црква | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Јован Крстител“ - Слатино |
Други имиња | Манастир „Св. Јован Бигорски“ - Слатино |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Свети Јован Крстител |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Цркви | Црква „Св. Јован Крстител“ |
Личности | |
Место | |
Место | с. Слатино, Општина Дебрца Македонија |
Координати | 41°21′10″N 20°51′10″E / 41.35278° СГШ; 20.85278° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, камбанарија, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Слатинска парохија) |
Градби во манастирот
уредиВо рамките на манастирот се наоѓаат манастирската црква „Св. Јован Крстител“, камбанаријата, како и помошни објекти.
Црква „Св. Јован Крстител“
уредиЦрквата „Св. Јован Крстител“ е главната манастирска црква во целиот комплекс, по која е и наречен целиот манастир. Црквата била осветена во 2002 година од страна на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.[1] Фреските во црквата се изработени од уметникот Драган Ристески од Охрид.[1]
Галерија
уреди-
Помошен објект во дворот на манастиро
-
Предниот дел на црквата „Св. Јован Крстител“
-
Стар даб кај влезот на црквата, заедно со камбанаријата
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. Скопје: Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 21 октомври 2016.
Надворешни врски
уреди- Слатински манастир на Ризницата ?