Црква „Св. Ѓорѓи“ - Подмочани
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во селото Подмочани, Општина Ресен, Македонија, а воедно и парохиски храм на Подмочанско-љубојнската парохија.[1]
Свети Ѓорѓи
| |
Црквата заедно со нејзината камбанарија | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Ресенско |
Парохија | Подмочанско-љубојнска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°01′13″N 21°02′42″E / 41.02028° СГШ; 21.04500° ИГД |
Место | Подмочани |
Општина | Ресен |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Изградба | 1848 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиСе наоѓа на еден километар западно од селото. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.[2]
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1848 година.[2]
Градба
уредиЦрквата била изградена во 1848 година од кршен камен. За апсидата бил користен бигор, додека двата влезни портали биле направени од добро обработен камен.[2]
Во текот на годините била направена доградба во вид на затворена припрата од западната и јужната страна на црквата, со седишта покрај ѕидовите.[2]
Фрескоживопис
уредиЦрквата не поседува никаков фрескоживопис.[2]
Иконостас
уредиИконостасот на црквата е создаден во XIX век и е наполнет со икони од истиот период.[2]
Галерија
уреди-
Црквата и селските гробишта
-
Поглед на црквата
-
Црквата и селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 235. ISBN 9789989920554. Посетено на 14 февруари 2019.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Подмочани на Ризницата ?