Црква „Св. Никола“ - Наколец

црква во селото Наколец

Свети Никола — главна селска црква во селото Наколец, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа во средиштето на селото. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.[1]

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба

Карта

Координати 40°53′34″N 21°06′20″E / 40.89278° СГШ; 21.10556° ИГД / 40.89278; 21.10556
Место Наколец
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1884
Архитектонски опис

Црквата била изградена во 1884 година, која е исклесана во камен над влезот од јужната страна.[1]

Градба

уреди

Црквата „Св. Никола“ се наоѓа во средишниот дел на самото село. Сместена е во оградениот простор, заедно со селските гробишта.[2] Според својата архитектонска градба се вбројува во типот на мали трикорабни псевдобазилики, со петтострана апсида на исток и доградени помошни простории крај западната фасада.[2]

Црквата била изградена во 1884 година, што можеме да го дознаеме од натписот исклесан во камен над јужниот влез во црквата. Во внатрешноста на црквата се влегува од јужната страна и тоа низ еден влез кој води во наосот и еден, кон олтарскиот простор. Јужната фасада во поново време е измалтерисана, така што автентичниот опус на ѕидаријата може да се види само на источниот и северниот ѕид. Кровот е со едноставно решение на две води.[2]

Фрескоживопис

уреди

Врз ѕидните површини на наосот и олтарскиот простор не се сочувале траги од постаро сликарство.[2]

Можеби постоечкото сликарство од поново време со лош квалитет е нанесено токму врз постарите насликани партии, со што е нарушена автентичната содржина на црквата.[2]

Иконостас

уреди

Наосот е издвоен од нартексот со ниска преграда, додека пред олтарскиот дел е иконостасот со три реда на икони. На иконостасот се икони работени од повеќемина анонимни мајстори.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 212. ISBN 9789989920554. Посетено на 1 декември 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 1 декември 2016.

Надворешни врски

уреди