Црква „Св. Петар и Павле“ - Љубојно

црква во селото Љубојно

Свети Петар и Павле — главна манастирска црква на Љубојнскиот манастир, во селото Љубојно, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа 1 километар југоисточно од селото, во коријата над селото, сместена на доминантна височинка оградена со високи ридови и густа шума.[1]

Свети Петар и Павле

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба

Карта

Координати 40°53′27″N 21°08′46″E / 40.89083° СГШ; 21.14611° ИГД / 40.89083; 21.14611
Место Љубојно
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Петар и Павле
Изградба 1923
Архитектонски опис

Црквата била изградена во 1923 година од браќата Никола и Јоше Стасовски.[1]

Градба

уреди

Црквата е сместена во пошумениот дел од планината, на едно мало плато над селото Љубојно. Од селото до црквата се стигнува по земјен шумски пат за околу 30 минути.[2]

Црквата била подигната во 1923 година, што може да се забележи и од натписот на западната фасада со средства на Никола Христов Стасовски од селото Љубојно.[2]

Фасадите на западната, јужната и северната се украсени во согласност со архитектурата од периодот на двете светски војни. Во горните делови имаат триаголни завршетоци, врз кои се надоврзува кровната конструкција во облик на крст во чие средиште се издигнува куполата, со осумстраниот тамбур. Со внатрешноста на храмот се комуницира преку двата влеза на западната и северната фасада. Ентериерот е решен без употреба на столбови. Таванот е конструиран од два вкрстени полукружни сводови, на чие средиште е куполата од која се спуштаат висечки пандантифи, лачно поврзани помеѓу себе. Низ четирите прозорци поставени на тамбурот се обезбедува осветлувањето на куполниот простор, кој е насликан во целост.[2]

Иконостас

уреди

Иконостасот е подигнат од висинската кота на подот од наосот со помош на три скалила по целата широчина на храмот. Претставува едноставна дрвена преграда со два реда на икони, царски двери и врата на северниот дел.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 204. ISBN 9789989920554. Посетено на 28 ноември 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 28 ноември 2016.

Надворешни врски

уреди